0 коментари 1 мин. читање

Прв поглед на новиот почетен екран на Windows Phone 7.8

Мicrosoft на својот Windows блог објави видео во кое го прикажа новиот почетен екран кој ќе се појави на најновите верзии на нивната мобилна платформа. Новиот екран ќе биде достапен за уредите кои ќе работат на новиот Windows Phone 8, и на Windows Phone 7.8, верзија наменета за постарите модели на уреди кои немаат можност да бидат надградени на „осумката“ бидејќи таа бара подобра хардвер поддршка.

Новиот почетен екран ќе овозможи персонализација на блоковите или Tiles, како што ги нарекува Microsoft, што значи дека корисниците ќе може да си ги додадат омилените апликации на почетниот екран.

[youtube]L569NikOIag[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top