1 коментар 2 мин. читање 16 јули, 2014

Samsung, ARM и Nest ќе го развиваат паметниот дом

Samsung, ARM и Nest се дел од компаниите кои започнаа соработка за креирање на радио стандард за паметните домови, односно за таканаречениот „Интернет на нештата“ со кој сите домашни уреди ќе комуницираат меѓу себе. Стандардот треба да биде решение за проблемите со компатибилноста кои ги имаат корисниците со најразлични уреди во својот дом.

Технологијата е наречена Thread и идеите зад проектот се мрежа која ќе биде едноставна и корисниците ќе можат да ја користат; безбедност; енергетски ефикасна; отворен протокол со подршка за IPv6: mesh мрежа, со повеќе точки на пристап без можност за крах на мрежата доколку падне една од точките. Технологијата треба да поддржува најразлични типови на уреди од: шпорети и фрижидери, паметни брави, контрола на температурата, уреди кои се користат за управување со енергија и слично. Во моментов протоколот на Thread подржува IPv6 preku 6LoWPAN и може да подржи 250 уреди поврзани истовремено.

Компаниите се залагаат за промена на Wi-Fi бидејќи мрежата е направена за поголем сообраќај, но пред се Wi-Fi троши многу енергија. Иако барем засега новиот протокол не е неоппходен сепак со бројот на нови уреди кои постојано се зголемува се чини дека во блиска иднина сепак ќе мора да стандардизира поврзувањето на паметните уреди.

[youtube]L8TkhHgkBsg[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top