0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2014

Скриените страни од пребарувањето се појавија на Hidden from Google

Hidden from Google е нов сајт кој всушност е своевидна листа на линкови, кои Google, на барање на граѓаните на Европа мора да ги отстрани од прикажаните резултати, јави BBC. Страната веднаш доби свои поддржувачи, пред се, во луѓето кои протестираа дека одлуката на Eвропскиот суд е одлука против слободата на говорот. Судот му нареди на Google да ја почитува приватноста на корисниците така што, по нивно барање, ќе ги тргне линковите до содржина која ја нарушува приватноста и кои не се релевантни веќе.

„Постои информациски јаз и доколку може да ги верификувате примерите, може да креирате листа“, вели Афак Тарик, девелоперот кој ја постави страната. На Hidden from Google се поставуваат единствено линкови кои потврдено се цензурирани насекаде во Европа. Содржините кои ги прикажува пред се доаѓаат од корисниците, но доколку се покаже дека линкот не е цензуриран насекаде во Европа тогаш г. Тарик го отстранува.

Како последица на поставувањето на линковите, дел од нив сега се појавуваат во пребарувањата. Во споделените содржини на Hidden from Google е цензурираната страна на Guardian за Post-it во Париз, сторијата за злоупотреба на деца во Португалија на ВВС или сторијата на Spiegel за Сциентолошката Црква во Германија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top