Disney е прва поголема компанија којa го користи Microsoft Kinect за нешто друго освен за гејминг

1 коментар 1 мин. читање

Disney ќе го користи сензорот на Microsoft, Kinect v.2, за нова интерактивна кампања за новиот филм за деца Planes 2: Fire & Rescue. Со ова филмското студио ќе биде првата компанија која ќе го користи сензорот надвор од видеоигрите, јави Microsoft на својот блог.

Ова не е прв пат Disney да го користи контролерот на Microsoft. Студиото ја користеше првата верзија на Kinect за промоција на Iron Man 3. Тогаш минувачите можеа да застанат пред екран, а софтверот ќе ги „облечеше“ во костимот на популарниот суперхерој, по што ќе можеа да го користат оружјето и да учествуваат во симулирани борби. Кампањата беше толку популарна што играчите чекаа во редови неколку часа за да изиграат игра која трае неколку минути.

Овојпат сензорот нуди значително подобри можности, помеѓу кои: резолуција од 1080р и можност за следење на 25 точки. Децата, а и возрасните, застануваат пред екранот, ќе ги рашират рацете и го имитираат авионот. Во текот на играта можат да се навалуваат на страните, напред назад и да се виткаат колената, со цел авионот да помине низ контролните точки. Промоцијата започнува кон крајот на неделава, а промотивната видео игра најпрво ќе биде достапна на локации во Британија.

[youtube]7qplKlsIaIA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top