Еден оперативен систем да владее со сите! Дали Ice Cream Sandwich ќе биде решението на Google да се справи со фрагментацијата на Android пазарот? Новата верзија на мобилниот оперативен систем е наменета токму за тоа, да работи и на паметните телефони и на таблет компјутерите.
„Креиравме нов фонт што е оптимизиран за HD екрани и го елиминиравме сите хардверски копчиња во замена на соодветни софтверски копчиња (Roboto интерфејс)“, вели Google кој заедно со Samsung во Хонг-Конг го претстави „сендвичот од сладолед“ и првиот телефон кој работи на тој ОС, Galaxy Nexus.
„Исто така драматично ја подобривме тастатурата, направивме нотификациите да бидат поинтерактивни и креиравме виџети чија големина може да се менува.“
Ice Cream Sandwich има нов Gmail дизајн и нова People апликација преку која се има пристап до фотографии и статуси од друштвени мрежи. „Сладоледот“ или Android 4.0 има Face Unlock опција за препознавање на лица за отклучување на телефонот, има внесување на текст со говор и интегриран Google+.
Galaxy Nexus ќе биде првиот уред кој ќе има Android Beam алатка за споделување веб сајтови, видеа, мапи, локација и апликации преку near-field communication (NFC) со едноставно приближување на два телефона еден до друг.
Galaxy Nexus ќе има 4,65-инчен екран, LTE (4G) поддршка и работи на 1,2 Ghz процесор. Galaxy Nexus ќе биде достапен ширум светот од ноември.
[youtube]-F_ke3rxopc[/youtube]







