Само 21 отсто од македонските корисници се приклучуваат на интернет преку мобилен телефон

1 коментар 1 мин. читање

Државниот завод за статистика објави дека во првите три месеци од 2012, 68,4 отсто од граѓаните користеле мобилни телефони. Најмногу телефоните ги користат граѓаните од 14-24 години, дури 77,8 отсто.

Сепак само 21,6 отсто отсто од корисниците ги користат телефоните за приклучување на интернет. И тоа најчесто на WiFI 15,4 отсто, 11,5 отсто се приклучиле на GPRS или UMTS, а само 4,8 отсто ја користеле 3G мрежата. Најмногу од корисниците се приклучувале барем еднаш неделно, или 9,3 отсто.

Процентот на преносни уреди, лаптопи или таблет компјутери преку кои, корисниците се приклучиле на интернет, надвор од своите домови е речиси идентичен со паметните телефони, 22 отсто. Најголем број од овие конекции се направени преку лаптоп 21,6 отсто додека од таблет се приклучиле бедни 2,5 отсто.

Анализата покажува дека поврзувањето на интернет со преносните комјутери и пред се паметните телефони најчесто се користат за: праќање или примање имејл, интеракција во друштвени мрежи и онлајн весници. Само 7,5 отсто од корисниците користат интернет преку пренослив компјутер  надвор од дома или канцеларија за професионални цели.

Како најголем проблем за некористењето на интернет на преносливи платформи, македонските граѓани ја истакнале високата цена на услугата 33,4 отсто, а 46,2 отсто од испитаници сметаат дека интернет услугата нема место надвор од нивни

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top