Словенечка стартап сцена: 40 мил. долари инвестиции и 86 стартапи за четири години (инфографик)

во Свет

Словенскиот блог Orange.and.Nuts објави инфографик изработен од Југослав Петковиќ за стартап сцената во Словенија, на која од 2008-ма година се појавија 86 стартапи во кои е инвестирано околу 40 милиони долари.

„Целиот екосистем е отфрлен како маргинален, но кога ќе се погледне одблиску, бројот на стартапи, нивни членови и инвестиции се нешто што вреди да се забележи.“, пишува Orange.and.Nuts.

Сите 86 стартапи вкупно вработуваат 800 луѓе, постојат три инвестициски фондови и неколку ангел инвеститори, а пари даваат и властите. Државата дава до 72.000 евра грантови за стартапите. Вкупно во последните четири години инвестициите достигнаа до 40 милиони долари. Meѓу најпознатите стартапи се Zemanta, Oust.me и Vox.io, кој станува конкурент на Skype.

Сега би требало да следи краен параграф во кој би ја споредил стартап сцената во Словенија и Македонија. Но, не знам дали е фер да споредам, како што вели Orange.and.Nuts, „маргиналнa“ сцена од 86 стартапи со македонската сцена на која SportyPal е можеби единствениот стартап со финансиска моќ. Тука се и Invoicebus, GiveBrand.to, Аmbio.me кој е прв македонски SeedCamp финалист, но сè уште е во алфа, студијата за мобилни апликации CodeWell и WebFactory, и секако тука е и ПСМ Инкубатор кој охрабрува и помага да се стартуваат идеи, но, на сите овие стартапи им фали финансиска поддршка за да креираат и претстават сериозен и конкурентен продукт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments