0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2011

Само 10% од граѓанските .орг.мк организации користат друштвени медиуми

Од 10.000 регистрирани граѓански организации во Македонија, само 67 на своите веб-страници имаат јавно истакнато користење на друштвените медиуми. Од вкупно 666 активни достапни веб сајтови регистрирани под доменот .org.mk, само 10 отсто се активни на друштвените медиуми, покажува истражувањето „Социјалните медиуми како форма на граѓански ангажман и здружување“ на Борис Ристовски и Дарко Булдиоски.

„Живееме во време кога поделбата на онлајн и реален или офлајн свет сѐ помалку има смисла.“, се вели во истражувањето кое е стартувано да се види влијанието на граѓанските организации во дигиталниот свет. Како што може да се види од бројките, организациите и друштвата скоро и да не ги користат друштвените медиуми да го привлечат вниманието на граѓаните и да ги активираат, иако скоро сите македонски граѓани се на Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube, Google+… Само на Facebook има над 800.000 корисници од Македонија.

„Бројот на алатки кои можат да ги употребуваат граѓанските организации е огромен. Дел од нив одговараат на потребите, дел не. Најголем дел од алатките се бесплатни, но тоа не значи дека нема потреба за нивна употреба да се инвестира време и знаење.

Листата со алатки е долга и се продолжува одден наден. Сепак, еве една листакоја грубо ги категоризира различните услуги кои го носат предзнакот 2.0: Услуги засоцијално вмрежување (Social Networking), блогови (Blogs), услуги за микроблогирање(Microblogging), онлајн видеоуслуги (Video sharing), онлајн фотоуслуги (Photo Sharing),страници „Вики“(Wikis), форуми и услуги за разговор (Forums, Chats), онлајн игри имрежи (Online gaming, Virtual Realities), онлајн обележувачи (Social Bookmarking),подкасти (Podcasts).“

Употреба на социјалните медиуми од страна на граѓанските организации во Република Македонија

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}