2 коментари 1 мин. читање 13 јули, 2011

Facebook за секој телефон, и за тие обичните

Facebook претстави нова апликација за обичните, не-паметни мобилни телефони. Апликацијата е достапна за 2.500 различни модели и овозможува проверување пораки, коментирање или лајкување на статуси, и најинтересно – прегледување, закачување и едитирање на фотографии на мрежата директно преку апликациите.

За да се добие апликацијата, треба да се отвори мобилната верзија на Facebook.com преку мобилниот прелистувач, и најдолу на страната има линк за симнување за апликациjaта. Ова вметнување линк е интересно решение на Facebook бидејќи не-паметните телефони немаат пристап до апликации.

(via @rokerot)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@ordanoskiv
15 years ago

Тачно уште тоа ни требаше — повеќе можности тинејџерите да испраќаат пораки

moondowner
moondowner
15 years ago

Се гледа како го чита текстот типчево на видеото…

Мени
Заедница
Изглед
To top