0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Сакате стрипови? Скопје Стрип Фест е местото за вас!

Добри вести за сите љубители на стрипови! По подолго време во Скопје во организација на издавачката куќа Стрип квадрат ќе се организира стрип фестивал. Фестивалот ќе биде искористен за претставување на состојбата со стрип културата, издавачките куќи, книжарниците, но и здружението за љубители на стрип Макстрипови. Покрај ова, ќе бидат присутни и дел од креаторите на стриповите и цртачите на игри на табла. Дел од настанот се работилниците за стрип, каде најмладите можат да се се запознаат со основите на стрипот и да ги презентираат своите цртачки способности.

Настанот ќе се одржи од 1 до 3 јули, во Музеј на град Скопје. Повеќе информации за настанот, како и листа на учесници ќе бидат достапни на Facebook.

skopje-strip-festival

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top