Google или смета дека нема доволно Android девелопери, или пак сака од секого да направат развивач на Android апликации. Креаторот на најпопуларниот оперативен систем се здружи со Udacity за да претстават курс кој ќе им овозможи на сите да станат развивачи.
Границата на предзнаење не постои и курсот е наменет за сите, а ќе можат да го следат и оние кои никогаш не напишале линија код. „Новата серија на курсеви ќе ве научи да креирате едноставни Android апликации. Курсот покрива layout, интерактивност, објектно ориентирано програмирање, multi screen апликации, поврзување со интернет и чување на податоци“, јави TechCruch.
Курсот и сертификатот на Udacity чинат 200 долари месечно, а за негово завршување се потребни 42 дена ако дневно поминувате 4 часа во учење. Сепак не очајувајте, предавањата се достапни и потполно бесплатно на овој линк.







