На страницата на апликацијата велат дека е сосема приватна – што значи дека нема да објават нешто на вашиот Facebook профил или ѕид со вести, така што никој од вашите пријатели нема да знае дека ја користите. Пред вашите симпатии да станат „single” нема да имаат никакви информации за вас.
Како поттик за другата страна, за оние кои се во врска, апликацијата ќе ви пружи самодоверба за повторно да станете слободни, ако тоа е она што навистина го сакате. Но, дали можете да се потпрете на една ваква апликација да ви даде слика за можностите во вашиот живот и дали нема да бидете разочарани ако го направите тоа?
Сигурно се сеќавате на Breakup Notifier апликацијата која ќе ве извести со порака во вашето електронско сандаче кога вашиот симпатија ќе стане слободен. Facebook ја блокираше таа апликација набрзо по нејзиното пуштање во употреба, според официјалното известување се работи за рутинска проверка, според неофицијално бидејќи делува како да ја нарушува приватноста на корисниците. Сепак интересот за таа апликација во тие неколку дена беше огромен, и според најновите гласини, Facebook работат со нејзиниот креатор заедно за да ја овозможат пак.
Каква страна зазема Facebook во целава ситуација со ваквите апликации за следење врски? Дали во иднина, неговата помалку „манијачка“ страна ќе излегува се повеќе на виделина или Facebook ќе го спречат тоа со цел да се истакне приватноста? Можеби и треба да не загрижи фактот што интересот за ваквите апликации е се поголем.