Сакате да гејмате на GNU/Linux? Еве три одлични FPS игри…

Игрите за GNU/Linux се сѐ поактуелна тема, а тоа веќе го напоменавме и во текстот за „Дали е време да се вратат специјализираните GNU/Linux гејминг дистрибуции?“. Како продолжение на тоа, денес би сакале да ви претставиме три FPS игри, надвор од Steam, кои ќе го размрдаат секој кој сака да испроба како е да се гејма од Линукс.

OpenArena e игра со отворен код и е слична на Unreal Tournament, лиценцирана е под GPL и претставува Deathmatch FPS игра. Вклучува неколку категории на играње како Free For All, Capture the Flag, Domination, Overload, Harvester, Last Man Standing и други. OpenArena покрај официјалниот сајт, можете да ја инсталирате и преку Ubuntu Software Centre-от на Ubuntu, како и од репозиториумите на Fedora.

[youtube]f0Atrzjy6M0[/youtube]

Warsow е мултиплеер FPS игра објавена во 2005-та година. Се работи за cartoon-like игра, налик на Team Fortress (достапна преку Steam), во која различни ликови се пукаат меѓу себе. Покрај верзијата за Ubuntu, достапна е и за Windows и Mac. Можете да ја преземете од http://www.warsow.net/download.

[youtube]kUPlwxQ0cC4[/youtube]

Urban Terror на некој начин е Counter-Strike за Ubuntu развиена од FrozenSand. Играта, исто така, е достапна за Windows и Mac. Urban Terror брои околу 700 сервери и најголем дел од нив се лоцирани во Европа, а од овде ќе можете да ги најдете сите и да се приклучите на некој кој ви изгледа интересен. Можете да ја преземете од http://www.urbanterror.info/downloads/.

[youtube]C1m9Zwfwc44[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
moondowner
moondowner
9 years ago

Doom 3 и Unreal Tournament 2004 имаат native Linux сетапи, строго препорачано :)

Истотака игрите од Humble Indie Bundle доаѓаат и со Linux сетапи, досега добри наслови имало, како Bastion, Braid, Dustforce, Frozen Synapse, итн…

И да не го заборавиме Steam :) https://wiki.ubuntu.com/Valve

Име
Име
9 years ago
Reply to  moondowner

Frozen Synapse, FTW! :)