Прово е третиот град во САД кој ќе добие супер брз интернет со Google Fiber

во Свет

Познат е и треттиот град во кој Google го воведува супер брзиот интернет. По Oстин, Тексас и Канзас Сити, од оваа недела е познато и дека супербрз интернет, 100 пати побрз од широкопојасниот интернет со можност да пренесе HD телевизија, ќе биде достапен и во Прово, Јута, во САД. Откако ќе биде завршена мрежата, Прово ќе биде првиот град во светот каде интернет пристапот ќе биде третиран како приклучок за вода или струја, односно интернет за сите. За разлика од претходните две локации во Прово, Google нема да инвестира во изградба на нова мрежа, туку ќе ја купи постоечката.

Мрежата iProvo е, или барем беше до неодамна, во сопственост на градот. Google ќе ја добие мрежата вредна 39 милиони долари за само 1 долар, но во замена ќе треба да ги поврзе преостанатите две-третини кои сè уште се неповрзани, да понуди бесплатен интернет (5Mbps) на граѓаните во првите 7 години и да донесе бесплатен гигабитен Интернет на 25 локации во градот како училишта и библиотеки.

„Silicon Slopes (Јута), се одлично место за Google Fiber… Има стотици локални технички комании и стартапи кој ќе може да до го искористат брзиот сообраќај за креирање на следната генерација на веб апликации.“, вели портпаролот на Google.

Иако договорот е речиси извесен, останува градскиот совет на Provo да ја изгласа продажбата на iProvo на Google.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments