Директорот на американската Национална агенција за безбедност предупреди дека хакерите-активисти во наредниве година-две ќе имаат потенцијал да срушат електрични мрежи, пренесува Wall Street Journal.
Според генералот Кијт Александер, сајбер нападите се сериозна опасност врз компјутерските мрежи, а Anonymous се една од групите кои имаат потенцијал да прераснат во закана за американските и други влади, како и корпоративни мети како Visa, MasterCаrd и eBay.
До сега сите активности на Anonymous се сведуваат на DDoS напади врз владини сајтови и сајтови на корпорации, односно нивно срушување, најчесто во знак на протест или за да исмејат некого. Но имаше инциденти каде сериозно пробиваа кориснички податоци од сериозни компании, често компании кои се занимаваат со компјутерска безбедност.
Но до сега, Anonymous никогаш не се обиде да сруши електрични мрежи, иако нивните закани се често општи и недефинирани, како пример заканата дека ќе го изгасат интернетот на 31 март, познато како „Operation Global Blackout”.
Според многумина експерти, напад врз електрични мрежи не би бил сериозен бидејќи има системи за поддршка и помош, но би можеле да бидат доволни да ги успорат работењето на системот.
Иако генералот Александер покажа со прст директно кон Anonymous, неговата идеја беше да ги претстави опасностите од таквите сајбер напади кои се ставени како еден од приоритетите на претседателот Обама. Се разбира, напад од хакери-активисти нема да биде исто како напад од странска држава.
[youtube]uX5EJUfovZ0[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.