2 коментари 1 мин. читање

Основачот на Megaupload е ослободен од затвор со кауција, чека судење за екстрадикција во САД

Ким Дотком ќе биде ослободен од затвор со кауција, но оваа слобода ќе биде под строги услуви. Судот од Нов Зеланд му забрани интернет пристап по барање на обвинителите кои велат дека Ким Дотком има доволно финансии за повторно да го стартува Megaupload.

Основачот на контроверзниот сајт кој беше изгасен во јануари под обвинение дека е лулка на пиратеријата, сега чека судење за екстрадикција во САД каде што тамошните власти ќе го тужат за предизвикување на 500 милиони долари штета во прекршување на авторските права. Според обвинителите, Megaupload заработил дополнителни 175 милиони долари од 2005-та до денес од искористување на пиратската содржина.

Тој иако е ослободен од затвор, сепак ќе биде по строго контролирани услови. Ако сака да патува, дозволено му е лимит од само 80 километри со претходно одобрување од полицијата. Забрането му е да слетуваат приватни хеликоптери за да не избега, и нема да има пристап до интернет.

Според неговите адвокати, забраната за интернет е премногу строга бидејќи Ким Дотком, 38, треба да комуницира со својот адвокатски тим во САД.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top