САД oбвини пет кинески офицери за сајбер-напади врз приватни компании

Во прв меѓународен судски спор за сајбер-напади, САД обвини пет офицери на Ослободителната народна армија на Кина за напад на приватни американски компании, објави Одделот за правда (DoJ). Обвинети се Ванг Донг, Сун Каилианг, Вен Хинју, Ханг Женју и Гу Чунхуи, сите офицери во Единицата 61398. Обвинетите се сомничат за напади врз приватните компании Westinghouse Electric Co., U.S. subsidiaries of SolarWorld AG, United States Steel Corp., Allegheny Technologies Inc, United Steel, Paper and Forestry, Rubber, Manufacturing, Energy, Allied Industrial and Service Workers International Union (USW) и Alcoa Inc, но според обвинитеолот ова се само дел од компаниите кои биле нападнати период од 8 години.

„Успехот на светскиот пазар треба да се базира единствено на можноста која компанијата ја има за иновација и натпревар, не на спонзорирање од држава која шпионира и краде деловни тајни. Оваа администрација нема да толерира вакви акции од било која нација која сака да ги саботира американските компании и да го загрози интегритеот на фер конкуренцијата на слободниот пазар,“ вели Државниот обвинител на САД Ерик Холден.

Одговорот на Кина е дека овие обвинувања се измислица и дека ќе ги загрозат кинеско-американската соработка и взаемната доверба. „Кина е бранител на мрежната безбедност, а кинеската влада, војска и персоналот никогаш не се ангажирани за онлајн кражба или крадење на деловни тајни“, вели портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Кин Ганг за BBC.

Според Федералното истражно биро нападите се одвивале во период од 2006 до 2014 година, а покрај наведените оштетени компании најверојатно има уште многу други. На почетокот на 2013 година безбедносните експерти Mandiant први објавија податоци за вмешаноста на Единицата 61398 во сајбер напади врз САД.

Но, и покрај обвинувањата, шансите се мали Кина да им дозволи на петмината обвинети да отпатуваат во САД за на суд да ја докажуваат својата невиност. Обвинувањата од САД се повеќе како политички потег да се покаже моќ дека ги откриле напаѓачите.


ABC US News | International News

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk