Google го купи Word Lens за да понуди преводи преку фотографии

во Веб

Дали Google се подготвува да направи од Google Glass личен преведувач по аквизицијата на креаторот на Word Lens, Quest Visual? Засега компанијата не објавува како ќе се интегрира тимот на Quest Visual, но со оглед на тоа дека веќе креираа апликација преведувач за очилата за проширена реалност, тешко е да се замисли дека ќе се одалечат премногу од Project Glass.

„Quest Visual му се приклучува на Google! Со Word Lens ги видовме почетиците на на можностите кои ги нуди моќта на мобилните уреди – да го видите светот на вашиот јазик. Со приклучување кон Google ќе можеме да ја внесеме Quest Visual технологијата во Google Translate“, се вели во Quest Visual.

Без сомневање креаторите на Word Lens се радуваат на можноста за користење на Google Translate. Можно е Google и целосно да го интегрира Word Lens во Translate со што најверојатно апликацијата ќе биде целосно заменета со Google Translate. Сепак дотогаш Quest Visual во знак на благодарност до сите кои ги поддржуваа на нивното патешествие ја понуди апликацијата и јазиците бесплатно на Google Play.

[youtube]pZKWW3rzT2Q[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk