САД им забрани на владините агенции да користат софтвер од Kaspersky

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет, Софтвер

Одделот за домашна безбедност им забрани на сите владини агенции во САД да го користат софтверот на Kaspersky. Причината за ова е загриженоста за соработка на Kaspersky со властите во Москва.

Одделот им остави 30 дена на владините агенции да го пронајдат и пријават софтверот од Kaspersky. Потоа имаат уште 60 дена да го отстранат и да престанат со користење на истиот.

Истовремно потегот на властите на САД треба да биде предупредување за се поголемата опасност која според агенциите во САД, Русија ја претставува во сајбер просторот, јави Reuters.

Рускиот девелопер ја негираше врската со Кремљ. Дополнително, до јавноста не е достапен ниту еден доказ дека Kaspersky навистина соработува со властите во Москва.

„Никаков веродостоен доказ не е презентиран јавно од никој, обвинувањата се базирани на лажни наоди и неточни претпоставки“, вели портпаролот на Kaspersky.

Забраната за користење на Kaspersky од властите во САД, повеќе е удар на репутација отколку на заработката. Владата на САД никогаш не беше корисник на софтверот на руската компанија.

Главна причина за сомежите и поврзувањето на Kaspersky со официјална Москва е Јуџин Касперски. Ко-основачот и извршен директор на компанијата дел од своето образование го заврши во КГБ училиште. Дополнително, команијата на дел од проектите соработува со ФСБ.

Забраната на државно ниво би можела да доведе до откажување и на федералните и локалните власти од користење на софтверот во иднина. Засега забраната за користење не се однесува на овие делови од администрацијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Промената доаѓа по обвинувањата за шпионажа, и забраната за користење во владините агенции во […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk