Facebook ги менува правилата за рекламирање

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Најголемата друштвена мрежа, Facebook ги презентираше новите стандарди и правила за монетаризација. Насилството, омразата, порнографијата и користењето на наркотици, повеќе нема да може да заработат на Facebook.

Правилата важат за Branded Content, Instant Articles и рекламите во видеата Ad Breaks.

Истите правила се однесуваат и доколку биде нарушена интелектуалната сопственост, безбедноста на корисниците или ако се објавува неавтентична содржина.

Дел од новите правила се однесуваат и на видео содржините. За друштвената мрежа видеата се ново поле, па поставување на јасни правила ќе им бидат од полза на сите.

Facebook нема да ја цензурира оваа содржина, но креаторите нема да можат да ја монетаризираат на друштвената мрежа. Еве ја листата содржини за кои нема заработка:

  • Злоупотреба на детски карактери  содржина која презентира ликови за семејна забава вклучени во насилство, сексуализирани и слични непригодни акти.
  • Трагедии и конфликт  содржини како природни катастрофи, криминал, медицински состојби и болести нема да може да заработуваат на друштвената мрежа. Ова важи дури и ако содржината е едукативни цели.
  • Дебатирани друштвени теми  секаква содржина која може да поттикне омраза, исмева, омаловажува или понижува, луше, групи или иницијативи. Правилото важи и за содржини кои се наменети за информирање.
  • Насилство – Содржина која прикажува насилство врз луѓе или животни без дополнтелен контекст нема да може да заработи. Ова се однесува и на тепачки, графички сцени на насилство во видео игри.
  • Содржина за возрасни
  • Забранети активности – Продажба на забранети производи, услуги или активности. Пример: криминал, употреба на наркотици и вандализам.
  • Експлицитна содржна – Слики на кој има: крв, отворени рани, телесни течности, операции, мдеицински процедури. Сè што е наменето да шокира и да изненади.
  • Користење на дроги и алкохол
  • Несоодветен речник

Колку и како ќе придонесат новите правила останува да видиме. Најголемата друштвена мрежа секако нема да ја цензурира содржината, но останува прашање дали можеби помалата мотивација ќе придонесе за лошо информирање на некои настани.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk