Zoom ги повика вработените да се вратат во канцелариите

во Вести

Една од компаниите кои успеаја да профитираат од Covid пандемијата – Zoom, ги повика своите вработени да се вратат назад во канцелариите. Во 2019 кога започна пандемијата видео-разговорите на Zoom овозможуваа комуникација, кога разговорите лице в лице беа речиси невозможни. Сега и тие се подготвени за ново-стар начин на работа.

Сите вработени на Zoom кои живеат на 80 километри (50 милји) од канцелариите ќе треба да почнат да доаѓаат во канцеларија. Компанијата не е во целост префрлена на работа од канцеларија, и засега имаат прилично либерален хибриден модел. Вработените во Zoom треба да работат 2 дена од канцеларија, а останатите денови може да работат од дома. Префрлањето на хибридниот начин на работа ќе започне во август и септември. Во јануари 2022, само 2% од вработените во Zoom работеа од канцеларија.

„Веруваме дека структуриран хибриден пристап – што предвидува дека вработените кои живеат во близина на канцеларијата ќе мора да дојдат во канцеларија за интеракција со своите тимови – е најефикасен за Zoom. Како компанија, ќе бидеме во подобра позиција да ги користиме нашите технологии, да продолжиме со иновации и да нудиме поддршка за клиентите од целиот свет“, вели портпаролот на компанијата за Business Insider.

Во 2020 под притисокот од пандемијата акциите на Zoom пораснаа 6-кратно. Во најголем дел причината за ова беше што вработените беа „затворени“ дома. Оттогаш вредноста на компанијата падна за 100 милијарди долари. Дел од причините за падот се конкурентите како Teams на Microsoft, но и враќањето на вработените во канцелариите.

Zoom беше една од последните компании во кои работата од канцеларија не е задолжителна. Од април 2022 вработените во Google работат од канцеларија барем 3 дена во неделата. Од септември 2022 истото важи и за вработените во Apple. Елон Маск ја прекина работата од дома во Twitter штом го купи микро-блогот.

Во САД единствено 12 отсто од работниците работат исклучиво од дома. Најголем дел сега работат во канцеларии, а 29 отсто имаат хибриден начин на работа. Ова сепак е значителен скок во однос на периодот пред 5 години, и пред пандемијата, кога единствено 5% од работниците работеа од дома.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk