Fresh Tracks: Симфонија на снег и ритам

во Вести

Fresh Tracks e возбудлив и невообичаен наслов кој ветува уникатен коктел од акција, музика и адреналинско скијање. Развиена од студиото Buffalo Buffalo, играта ве поканува да се впуштите во авантура низ снежната земја Норвин, која, од необјасниви причини, е обвиена во мистериозна темнина. Но, ова е многу повеќе од едноставна игра со скијање и ќе наидете на ритмичко патување каде секој скок, избегнување и борба се случуваат во совршена синхронизација со музиката. Поради тоа, најдете ги вашите најквалитетни слушалки и подгответе се за искуство кое ќе ги провери вашите рефлекси и ќе ве вовлече во свет каде што музиката е исто толку важна колку и патеката пред вас.

Со целосен фокус на ритамот, Fresh Tracks ви дозволува постојано да се движите надолу по бескрајни падини, изведувајќи ги сите акции во склад со музичката позадина.

Секоја пречка на која ќе наидете, од паднати дрвја и ледени карпи до заканувачки непријатели кои демнат во сенките, бара прецизно темпиран маневар. Успешен скок во ритамот на тапаните или напад синхронизиран со гитарски риф не само што ви носи поени, туку и го засилува интензитетот на музиката, создавајќи неверојатно задоволувачко чувство на поврзаност.

Играта се одликува и со roguelite елементи, сервирајќи, притоа, процедурално генерирани патеки и предизвици. Помеѓу рановите, можете да отклучувате трајни надградби и нови стратегии, да надградувате вештини и оружја, надевајќи се дека идниот одбид ќе ве одведе поблиску до изворот на темнината. 

Fresh Tracks користи уникатни техники на адаптивно аудио, што значи дека саундтракот не е само пасивна позадина, туку динамичен елемент кој реагира на вашите потези.

Во светот ќе се сретнувате со моќни божества кои го менуваат не само светот околу вас, туку и целата музичка и визуелна атмосфера. Во еден момент може да се спуштате по падините додека ве придружува Согвар, богот на металот, со жестоки гитарски рифови и огнена естетика, а веќе во следниот да ве водат Фарс и Драм, боговите на оркестарот, претворајќи ја патеката во театарска трагедија со величествени жичани инструменти.

Графички, светот на Норвин се трансформира во живописно платно кое го отсликува музичкиот жанр – од блескави неонски светла и поп-балади со божицата Кода, до мрачни и застрашувачки пејзажи под власта на кралицата на теророт, Мар. Благодарение на оваа постојана промена, адреналински скокате од едно кон друго имерсивно искуство кое нема да можете лесно да го заборавите.

Покрај иновативниот гејмплеј, Fresh Tracks нема да ве разочара ни во поглед на приказната, нудејќи впечатливо наративно искуство со целосна гласовна глума.

Зад гласовите на божествата стои импресивна актерска екипа која им вдахнува живот на овие божествени ликови. Легендарниот Петер Стормаре (познат по улогите во Fargo и Until Dawn) го позајмува гласот на богот на металот, Согвар. Нему му се придружуваат и Мајкл Антонакос (гласот на Алексиос во Assassin’s Creed Odyssey) и Иан Ханлин како боговите на оркестарот, додека Сиера Моргана и Бетани Браун ги толкуваат улогите на божицата на попот и кралицата на теророт.

Оваа посветеност на наративот и ликовите, во комбинација со оригиналниот саундтрак од 28 песни кои се движат низ различни жанрови, ја издигнува Fresh Tracks од обична ритмичка игра во целосна музичка авантура која раскажува приказна преку песна и интеракција. Доколку сте фанови на игри како Audiosurf, тогаш ова е игра која не би требало да ја заобиколите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk