Nightmare Reaper e ретро и Doom инспирирано аркадно лудило

Што се случува кога програмер од Ubisoft Montreal ќе ги здружи силите со музичкиот композитор на Doom Eternal? Одговорот нѝ доаѓа во форма на квалитетна ретро инспирирана FPS игра која успешно комбинира елементи на looter shooter и rogue-lite. Nightmare Reaper ви дозволува да ги истражувате ноќните мори на длабоко вознемирена девојка и да ставите крај на легија пеколни суштества користејќи деструктивни оружја.

Иако приказната е во втор план и предноста е првенствено на акцијата, уживавме на начинот на кој малото наративно клупче се одмотуваше. Ретките моменти на внатрешни монолози, потпомогнати со едноставни, но моќни илустрации значително допринесуваа до градење тензична атмосфера и навидум безизлезна ситуација на девојката со која управувате.

Во вистинскиот свет девојката е заробена во ментална институција, но секојпат кога ќе се осмели да заспие, навлегува во свет полн со безмилосни суштества. Сите гејмплеј механики се прилагодени за да потсетуваат на хитовите од деведесетите години, со брзи движења и уште побрза адреналинска акција каде секој направен чекор крие бранови и бранови суштества. Иако суштествата се тука за вас како водата што е за сунѓерот, предизвикот доаѓа од нивната огромна бројка и уникатни напади, каде е потребно постојано да сте во движење, да ги избегнувате и разнесувате во пикселизирани порои од крв и гор.

Целото искуство е надреално добро, првенствено поради две работи! Оружјата се феноменални за користење. На располагање имате над 80 оружја, секое оружје значително поуникатно и позабавно за користење од останатите. Покрај стандардните огнени и ладни оружја, користите деструктивни ласери, експозиви, па дури и орбитален топ.

Додадете на комбинацијата и море од непријатели кои се разнесуваат во впечатливи slow-motion моменти, надградби кои се отклучуваат со играње мини игри и добивате часови и часови феноменална акција. Како да ова не е доволно, на музичката подлога има работено еден-единствениот Ендру Хулшулт, композиторот кој претходно имаше работено на Doom Eternal.

Nightmare Reaper е излезена само неколку дена а веќе има соберено над 95% позитивни рецензии, што само кажува дека небото е граница за развојното студио Blazing Bit Games. Топло го препорачуваме насловот до сите љубители на ретро акциони игри со навидум непресушен арсенал од оружја и легија од непријатели кои се гушат во најдобриот хеви метал што го имаме слушано во последно време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk