Windblown е новата игра на креаторите на Dead Cells

во Вести

Кога се работи за квалитетни акциски roguelike игри, ретко дека ќе најдете подобра од Dead Cells. Успехот на оваа игра ги катапултира Motion Twin директно на врвот, правејќи нивната игра да се зема за пример со години и години. Студиото никако нема седено со скрстени раце и, поттикнато од 97% позитивните рецензии на Steam, долго време работи на нивниот нов хит. Windblown излегува на 24 октомври како дел од раниот пристап на Steam и се заканува со адреналинска акција каде до три играчи ќе впиваат моќи на паднати воини и ќе користат импресивни оружја за соочување со предизвикувачките непријатели.

Молскавично брзa акција!

Ова се три зборови кои често ќе ги помислувате додека скокате од еден до друг остров и се соочувате со најразличните непријатели. Нека не ве залажува шереноликата графика, разиграните анимации и светлите бои. Лебдечкото острово The Ark е опкружено со најразлични непријатели и босови. Ваша задача ќе биде да ставите крај на сите закани така што, сами или со уште двајца пријатели, ќе ги впијувате сеќавањата на паднатите воини. Со овие сеќавања, не само што ќе отклучувате посебни моќи туку и ќе се здобиете со знаењето како да ги создадете нивните моќни алатки на деструкција.

Windblown не е лесна игра и за да напредувате низ рановите потребно е да имате брзи ефекти и правилно да ги користите оружјата и способностите со кои располагате. Дополнително, непријателите се одликуваат со уникатни офанзивни и дефанзивни можности, принудувајќи ве првин да ги учите нивните движења, а потоа и соодветно да се прилагодувате на нив. Акцијата е секогаш динамична и брза, како да сте испиле пет енергетски пијалоци и сега да не знаете што да правите со вишокот адреналин.

Стаклен топ

Благодарение на бројните моќи и опрема која е од привремен карактер, секој ран е можност за нов билд, со што забавата е секогаш на високо ниво и бара од вас да експериментирате со најразлични механики и елементи. Користењето на оружјата и контактот со непријателите има веродостојна тежина и константно се очекува од вас да избегнувате удари онолку колку и што ги нанесувате. Или, да кажеме со други зборови, вие сте силни онолку колку и што сте слаби. А, многу сте силни.

Ни се допаѓа откачениот и непредвидлив дизајн на мапите, пружајќи ви свежа перспектива за пресметките со непријателите и понатамошно негување на константната потреба за брзина. Една механика која е ретко видена и е за пофалба е можноста да го смените оружјето во вистинскиот момент за да се реализира комбо од огромен деструктивен размер. Големи фанови бевме и на можноста за често избирање една од три понудени способности. Благодарение на овие способности, кои се секогаш рандомно понудени, секое преигрување се одликуваше со поразлична свежина.

Во поглед на оптимизацијата на енџинот, ние не забележавме некакви драматични проблеми, но знаеме за многу гејмери кои немале баш флуидно искуство и се мачеле со лоша оптимизација и драстично намалување на фрејмовите. Не сме премногу загрижени за ова затоа што студиото веќе работи на нивно искоренување и шансите се дека ќе имате многу поглатко искуство во моментот кога играте ќе излезе во раниот пристап на Steam. Кога сме кај раниот пристап, на Windblown би се работело најмалку една година, што е повеќе од доволно време за да се реализира визијата на авторите. Се очекува финалната верзија да има многу повеќе биоми, нови оружја и бројни други способности. Сега-за-сега, играта нуди 5 биоми и 12 главни оружја.

Од она што ние го видовме, Windblown е на одличен пат и озбилно се заканува да понуди повеќе од задоволителна акција во roguelike руво. Особено ни се допаѓа што има преголем акцент на врзина, со што се отвораат уникатни можности за преминување на мапите, како и избегнување на непријателите. Доколку поврзате имате уште малку време и самите да го проверите демото кое е достапно за играта. Во случај да отишол тој воз, играта ќе биде достапна набргу како дел од раниот пристап на Steam!

Повеќе детали за играта

  1. Произведува: Motion Twin
  2. Издава: Motion TwinKepler Ghost
  3. Жанр: акција, roguelite
  4. Платформа: Microsoft Windows
  5. Излезена на: 24 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments