Македонците потрошиле 340 милиони евра онлајн за 6 месеци

во ИТ.МК

Според најновите податоци на Народната банка, македонските е-купувачи направиле трансакции во вкупна вредност од 339,8 милиони евра, од кои 61,8 отсто се реализирани кај домашните е-трговци. Оваа сума ги вклучува трансакциите направени со платежни картички како од домашни, така и од странски купувачи.

Првите 6 месеци во бројки

• Македонците потрошиле 193,1 милиони евра кај домашните е-трговци, додека трансакциите со странски е-трговци изнесуваат 129,7 милиони евра.

• Просечната вредност на една трансакција кон домашните е-трговци е 30,8 евра, а кон странските е-трговци 37,2 евра.

• Повторливи трансакции (претплати) кон домашните провајдери изнесуваат 53,7 илјади евра, додека кон странските 6,1 милиони евра.

Во првите шест месеци од 2024 година, е-трговијата во Македонија бележи значителен пораст. Вредноста на сите онлајн трансакции, направени како од македонски граѓани така и од странци, достигнува 339,8 милиони евра. Од оваа сума, најголемиот дел, или 61,8 отсто, биле трансакции направени кон домашните интернет продавници, со вредност од 210,2 милиони евра. Македонските е-трговци се сѐ попривлечни и за странските купувачи, кои оствариле трансакции во вредност од 17,1 милиони евра. Споделените податоци покажуваат и дека најголемиот дел од онлајн трговијата се одвива кон домашните продавници. Ова е значајно за развојот на локалната економија и е-трговија.

Од друга страна, Македонците во странство потрошиле околу 129,7 милиони евра за онлајн шопинг на странски веб-продавници, што претставува 38,2 отсто од вкупните трансакции. Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков, забележува дека овие податоци се важни за следење на развојот на е-трговијата во Македонија и потенцира дека има уште простор за раст, особено ако се земе предвид популарноста на плаќањето при достава (Cash on Delivery).

Македонците сѐ уште сакаат да плаќаат во готово

Иако вредноста на онлајн плаќањата е значителна, навиките на македонските потрошувачи сѐ уште го фаворизираат плаќањето во готово. Според податоците од Global Findeks, 47 отсто од онлајн нарачките се плаќаат во готовина при достава. Ова значи дека ако се вклучат и овие трансакции, вредноста на онлајн нарачките е повисока од прикажаните бројки.

Балканските купувачи генерално преферираат Cash on Delivery, а тоа е особено видливо во анкетите спроведени од АЕТМ на 40 е-трговци од Западен Балкан. Според резултатите, 72,5 отсто од е-трговците од регионот известуваат дека готовинското плаќање е доминантен метод.

Повторливи плаќања (претплати) – новина во статистиката

Новина во известувањето оваа година е издвојувањето на повторливите плаќања (претплати). Во оваа категорија се претплати на услуги како Netflix, YouTube, Spotify и други.

Овие повторливи трансакции изнесуваат 53,7 илјади евра кон домашните провајдери и 6,1 милиони евра кон странските сервиси.

Потребни се релевантни податоци за прогресот на е-трговијата

Развојот на е-трговијата во Македонија бара континуирано следење на релевантните податоци и статистики, вклучувајќи ги и плаќањата во готово.

„Работиме и го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, а затоа се потребни и релевантни официјални податоци за преземање на соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.“ вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.

Со порастот на бројот на онлајн трансакции, Македонија има потенцијал дополнително да ја развие е-трговија. Сепак, за тоа ќе биде потребна поголема доверба и посветеност на купувачите кон онлајн плаќањата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments