Од развојното студио Magic Games ни доаѓа магична игра полна со можности за адреналинска bullet-hell акција во ретро-инспирирано опкружување. Дали ќе успеете да извлечете жива глава и да ја решите заканата со корумпираните патки? И, уште поважно, дали ќе уживате додека го правите тоа? Останете со нас по трејлерот за да заеднички дојдеме до одговорите на овие прашања!

Duck, duck, goose!
Во Duck Paradox играте со талентираната докторка Парадакс и имате за задача да поминете низ најразлични димензии, да се справите со бројните временски и просторни предизвици, како и да ставите крај на бројните корумпирани патки. Вашата примарна цел, меѓутоа, е да го најдете вашето изгубено милениче кое, сосема неслучајно, е патка и е изгубено некаде во хаосот кој произлегува од неисправната временска машина.

Целата приказна во Duck Paradox е замислена да понуди откачен и освежителен наративм поврзувајќи ги гејмплеј механиките во одредена хумористична наративна смеса. Како докторка, имате за задача да патувате низ бесконечни региони и да се соочувате со најразлични корумпирани верзии на вашата патка. Ова постанува интересни ситуации каде реалноста се поигрува со вас и ве доведува до точка да почнувате да се сомневате во работите околу вас и да не знаете што е вистинито, а што не.

За среќа, докторката е особено талентирана во користење мулти-функционално оружје за ефикасно елиминирање на сите закани. Под сите закани, мислиме СИТЕ закани, вклучително и вас. Имено, куршумите кои ги исфрлате може да се одбијат од ѕидовите и, доколку не сте внимателни, истите може и вас да ве погодат. Поради тоа, константно сте под притисок кога и како да пукате. Покрај тоа што се бара стратешко нишанење и избегнување на сопствените куршуми, играта бескомпромизно бара и брзи рефлекси за правилно справување со непријателите и замките. Мапите се крајно едноставни, но со богати платформерски можности, често принудувајќи ве да сте во константно движење.

Покрај директни пресметки, ќе наидувате и на загатки кои ќе бараат да остварите одредени второстепени задачи, како водење на вашата патка од точка А до точка Б, додека активирате штитови или пак предизвикувате ланчана реакција од експлозивни замки. Duck Paradox воопшто не е лесна игра и тоа е добра работа. Ни се допадна се поголемиот предизвик со секое наредно ниво. Со поминување на секоја од 50-те стази ќе ви си нуди можност за отклучување едно од две понудени надградби. Ова дозволува одлични можности за експериментирање со уникатни билдови и различно преигрување.

Duck Paradox се топло препорава доколку сакате ретро-инспирирани и предизвикувачки игри во кои најголемиот предизвик е поврзан со:
- прецизно скокање,
- внимателно нишанење,
- брзо избегнување опасности,
- и решавање загатки,
Во случај да сеуште не сте сигурни, Duck Paradox нуди повеќе од одлично демо на Steam!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Magic Games
- Издава: Midwest Games
- Жанр: аркадна акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 9 октомври 2024







