Создавајте чекор-по-чекор водичи со Scribe

Често се случува да објаснувате одреден компјутерски процес на лице кое едноставно не ве разбира што сакате да кажете. Во таква ситуација, обично се препорачува да направите чекор-по-чекор водич каде целата постапка визуелно е опфатена. На располагање имате бројни вакви алатки за создавање чекор-по-чекор водичи. Овојпат, вниманието ни го привлече Scribehow!

ScribeHow ви дозволува да снимате водичи преку десктоп или преку прелистувачи како Chrome и Edge. Се што правите вие е го вклучувате снимањето преку Scribe и го правите процесот за кој сакате да има водич. Тоа е буквално се што правите затоа што во моментот кога ќе престанете со снимањето, Scribe автоматски и ултра брзо ќе создаде водич со скриншотови, објаснувања и секаде каде што треба да се кликне.

Доколку сакате да вметнете дополнителни детали, целиот автоматски генериран водич можете да го уредувате. Со опцијата Edit, можете да ги менувате скриншотовите така што ќе отстранувате чувствителни податоци од нив. Дополнително, можете да вметнувате текстови, забелешки и бројни други работи.

На крај, се што ви оставува е да го споделите вашиот водич. Со само еден клик на копчето Share, водичот можете да го споделите како линк, во неколку различни форми и формати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk