Комисијата за хартии од вредност најави можна тужба за Coinbase

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Комисијата за хартии од вредност испрати предупредување (Wells notice) за направени прекршоци до најголемата крипто-берза во САД, Coinbase. Предупредувањето содржи потенцијални прекршоци кои се забележани во работата на берзата, а следниот чекор би можел да биде официјално поднесување на тужба. Како последица на ова, акциите на Coinbase паднаа од 84.37 на 66,30 долари колку што се во моментов.

Coinbase е најголема берза за крипто-валути во САД и втора најголема берза во светот. На берзата се тргува со 241 коин, а дневната вредност на трансакциите е над 1,7 милијарди долари.

Засега не е објавено точно кој дел од работата на Coinbase го прекршува законот за хартии од вредност. Coinbase се сомнева дека веројатно станува збор за сервисите како Coinbase Earn, Coinbase Prime и Coinbase Wallet, кои овозможуваат размена на криптовалути за пари.

Ja прашавме комисијата за хартии од вредност да ни кажат за кои дигитални средства (asset) сметаат дека се хартии од вредност, на ова прашање не ни одговорија, велат од Coinbase.

Сомневањата се дека тужбата ќе се однесува на некои од понудените токени.

„Wells“-извештајот не значи автоматски дека Coinbase ќе добие тужба. Компанијата досега соработувала со регулаторите во над 60 наврати. Дел од прашањата се однесувале на дефинирање на пазарна структура и помош со одлуки за дигитални средства кои може да се продаваат.

„Регулаторите треба да ги претстават правилата, да ни кажат на сите кои се правилата, а ние треба да ги следиме. Актуелните закони се нејасни и сакаме да добиеме подобро објаснување“, вели Брајан Армстронг, директор на Coinbase.

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Гери Генслер, смета дека најголем дел од крипто-берзите тргуваат како нерегистрирани берзи за хартии од вредност. Тој додава дека најголем дел од токените во голема мерка наликуваат на хартии од вредност.

Иако нема доволно детали, самата опасност од судска разрешница влијаеше на цената на акциите на Coinbase. Иако во моментов цената е пониска од 83,99 долари која ја имаа на 21 март, сѐ уште е повисока од цената која акциите ја имаа на крајот на февруари.

За сега берзата работи нормално како и пред најавата за можна тужба, пренесе Coindesk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk