eSIM сега е достапен и на двата најголеми мобилни оператори во Македонија

во Вести

Корисниците на услугите на A1 Македонија од оваа недела ќе можат да ги заменат пластичните SIM картички со еSIM картички. Корисниците кои поседуваат телефон кој поддржува eSIM можат да ја активираат новата услуга и да ги задржат сите функционалности што ги користат. 

eSIM (embedded-SIM) е своевидна програмабилна SIM картичка која е интегрирана во уредот. Со ова, наместо интегрирано коло кое е поставено во пластична заштита, добиваме хардверската компонента – eSIM и софтверска компонента – eUICC која овозможува промени на „профилот“ на картичката. Овие „профили“ ги обезбедува операторот и се неопходни за користење на eSIM.

За разлика од стандардните SIM картички, eSIM картичките се постојано присутни во телефонот. Ако нема потреба да се менува SIM картичката, ваквата технологија овозможува зголемена доверливост и безбедност. Во исто време, бидејќи не е потребен конектор, се намалува физичкиот простор кој е потребен за картичката. Како придобивка од отстранувањето на пластичната SIM картичка, оваа технологија е еколошки поприфатлива.

Сопствениците на телефони кои поддржуваат eSIM можат веднаш да се префрлат на eSIM. Ограничувањето на технологијата доаѓа токму од тука. Не сите телефони ја поддржуваат технологијата, иако бројот на уреди постојано расте.

eSIM технологијата не е нова, но првичната примена ја наоѓаше кај уреди кои физички се ограничени со просторот кој го имаат на располагање, на пример паметни часовници или IoT уреди. Технологијата со години се користи и во автомобили со напредна функционалност како на пример можност за Wi-Fi hotspot.

eSIM достапен на двата најголеми мобилни оператори во Македонија

Услугата еSIM на А1 Македонија е наменета за сите пост-пејд корисници на тарифните модели од портфолиото. Со нејзиното активирање добиваат можност за поедноставно и побезбедно менаџирање на повеќе различни тарифни модели на ист уред. Максималниот број на профили зависи од поддршката што ја обезбедува самиот уред. eSIM се активира со скенирање на QR-кодот кој е достапен во салоните на А1 Македонија.

Во Македонија eSIM веќе можат да користат корисниците на Македонски Телеком. Услугата која двете компании ја нудат за eSIM е идентична. Додавањето на профилот и за A1 и за Македонски Телеком е со скенирање на QR-код. По ова профилот автоматски се инсталира на уредот. Секако, потребна е интернет конекција. Најдобрата вест за сопствениците на повеќе броеви е дека на eSIM можат да додадат повеќе броеви, без ограничувања броевите да бидат од само еден оператор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Борче
Борче
3 years ago

Вчера по објавата во медиуми се јавив во Контакт центарот на А1 следејќи ги информаициите на нивниот веб сајт,а сакајќи да го префрлам постпејд бројот на eSIM, одговорот беше дека eSIM во моментот се уште не е достапен на А1.

acikaaa
acikaaa
3 years ago

Мислам дека во последната реченица од текстот на местото од “операторот” треба да стои “апратот” или “мобилниот апрат”, дека ограничувањата се од немањето место за повеќе сим картички 🙂

Last edited 3 years ago by acikaaa
555
555
3 years ago
Reply to  acikaaa

Апрат? :)

Дејан Соколоски
Editor
Reply to  acikaaa

Хм, не. таму „без ограничувања од операторот“ треба да се однесува на тоа дека на еСИМ може да се внесат броеви од различни оператори. Ви благодарам за коментарот, не е доволно јасен тој дел…

Last edited 3 years ago by Дејан Соколоски