Irem Collection Volume 3: 3 игри за носталгичен пат во минатото

Издавачката куќа ININ се враќа по трети пат со нивниот ретро серијал. Овојпат IREM Collection Volume 3 e колекција која ќе ве одведе на патување низ три уникатни и фантастични светови кои, на времето, го дефинираа златнoто доба на аркадните игри. Пакетот нуди експлозивна мешавина од хаотични, едноставни, но крајно предизвикувачки механики. Но, во поглед на техничкиот дел, игрите се збогатени со модерни подобрувања кои го олеснуваат искуството за новите и старите играчи.

Првиот наслов во триото е Mr. Heli или Battle Chopper. Оваа игра беше првично објавена за јапонските аркади во далечната 1987 година. Како што и кажува самиот наслов, играте како Mr. Heli, необичен хеликоптер кој се одликува со импресивен арсенал. Наместо праволиниско движење, ги истражувате мапи кои наликуваат на загатки, откривате скриени патеки и се соочувате со огромни босови. Основната механика вклучува ископување кристали за заработка, што потоа се користи за надградба на оружјето и опремата, додавајќи стратешка длабочина на класичната пукачка формула.

Втората игра е Mystic Riders. Се работи за фантастична авантура од 1992 година каде магијата и хаосот кокетираат како да ќе нема ново утро. Во оваа игра, летате на волшебни метли, борејќи се против митски суштества како џиновски небесни желки и огнени демони. Гејмплејот е динамичен и нуди уникатни механики – метлата може да се користи како бумеранг за блокирање на проектили, а ликовите можат да изведуваат брзи маневри за избегнување на опасности. Mystic Riders е особено привлечна поради можноста за локален ко-оп за двајца играчи, каде што можете да ги здружите силите како волшебникот Марк или вештерката Зил.

На трето, но не и помалку вредно место се наоѓа Dragon Breed. Оваа игра од 1989 година ве фрла во биомеханички кошмар, комбинирајќи елементи на фантазија и научна фантастика, ставајќи ве на грбот на моќниот змеј Бахамут. Змејот не е само превозно средство, туку и клучен дел од гејмплејот – тој може да ве заштити од непријателски оган и истовремено да уништува сè што ќе му се најде на патот. Со својата атмосфера и механика, играта потсетува на класици како R-Type, но со уникатен фантазиски пресврт.

Освен трите одлични игри, IREM Collection Volume 3 вклучува и низа модерни подобрувања кои го прават искуството попристапно. Колекцијата содржи и англиски и јапонски аркадните верзии за сите три игри, како и PC Engine верзијата за „Mr. Heli“. На располагање имате и опции за прилагодување на контролите, вклучувајќи можност за rapid-fire, односно брзо пукање. За полесно надминување на тешките секции, додадени се функции за брзо зачувување и вчитување, како и можност за премотување на акцијата.

За автентично визуелно доживување, достапни се различни филтри за приказ кои го рекреираат изгледот на старите аркадни CRT екрани. Натпреварувачкиот дух е поддржан со онлајн leaderboards, каде што, нели, можете да се натпреварувате со играчи од целиот свет. Со својата разновидност, од бизарни непријатели до легендарни битки со босови, и можноста за локална соработка во Mystic Riders, оваа колекција претставува одличен пакет за сите љубители на ретро игрите и жанрот shoot ’em up.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk