EarthCare.ai сега овозможува и визуелизација на пожари и земјотреси

во ИТ.МК

Во моментов во Македонија се активни 9 пожари. Екипите кои ги гасат пожарите се постојано активни, но и покрај ова огнената стихија продолжува. Активни се пожарите на Илинска Планина, пожарите во близина на селата Папрадиште и Ореше во општина Чашка, и пожарот помеѓу селата Градманци и Дивље во општина Петровец. Активни се пожарите во Општина Студеничани, Кичево, кај село Косоврасти, пожарот на планината Галичица. Најголемиот активен пожар е во Општина Македонски Брод и тука се користат и хеликоптери за гасење.

(Состојбата со пожарите постојано се менува, веројатно кога ќе го читате текстот ситуацијата ќе биде различна.) 

Токму овие огнени стихии кои последните неколку нeдели ја зафатија Македонија се веројатно дел од инспирација за новата функционалност на Earthcare.ai. Платформата од неодамна има функционалност која овозможува визуелизација на пожари низ целиот свет. Благодарение на одличниот прием кој го имаше во затворена фаза, од оваа недела новата функционалност е јавно достапна.

Ако на нешто нѐ навикнаа основачите на Мој Воздух, тоа е одличната визуелизација, која за жал најчесто ни покажува дека ситуацијата е полоша отколку што првично сме мислеле. Благодарение на овие визуелизации се подобрува и свеста за тоа колкава површина е зафатена со пожарите. Дополнително, во ситуации во кои е потребно, корисниците може лесно да забележат во кој регион има пожари.

Податоците за пожарите се собираат од 2 инфрацрвени инструменти кои се закачени на 5 сателити на НАСА што ја орбитираат земјата. Сателитите на секои 3 часа враќаат инфрацрвени слики од земјината топка што понатаму се анализираат за детекција на пожари.

„EarthCare.ai има разработено детален систем за филтрирање и верификација на пожари што ни дозволува во само неколку часа од појава на пожар веќе да го имаме регистрирано каде било во светот, со висока локациска прецизност. Бидејќи се користат инфрацрвени инструменти, тие може да гледаат низ облаците и без проблем да ги детектираат пожарите на земјата. Дури и се случувало да се детектира пожар кај Окта рафинеријата бидејќи таму вишокот на гас се согорува со отворен пламен, а сателитот успеал и тој пламен да го види (вакви типови на „повторливи пожари“ ги филтрираме).“, вели Горјан Јовановски од EarthCare.

Покрај пожарите кои во моментов се актуелни кај нас, платформата овозможува и следење на земјтореси. Презентацијата на пожарите и земјотресите е слична. Колку е поголем бројот на земјотреси/пожари на едно подрачје толку е повисок „хистограмот“ кој ги презентира.

Следењето на пожари и земјотреси на EarhCare.ai е достапно за сите, и не е потребен профил на платформата.

За сега јавно достапни ги направивме пожарите и земјотресите на пониска резолуција што се гледа на глобусот на EarthCare.ai. Самата платформа овозможува следење на која било локација (фабрика, канцеларија, дом, викендица) од 10+ други типови на непогоди во реално време со многу поголема резолуција. За ова е потребен акаунт со претплата, а бидеќи пред недела дена ја лансиравме платформата, славиме со 50% попуст на сите пакети за претплата. Иако нашиот примарен таргет е бизнис секторот како банки, енергетски компании, консултанти, платформата има достапност и за индивидуалци кои би сакале да следат што се случува на нивните имоти каде било во светот.

Што е Earthcare.ai 

EarthCare.ai е своевидна база на податоци за животната средина. Платформата нуди сопствени решенија со податоци од NASA, ESA, EPA, EEA во реално време. Дополнително има и можност за хронолошка анализа и сетови податоци за машинско учење и вештачка интелигенција. EarthCare е наменет за бизнисите и трансформација на начинот на кој тие доаѓаат до податоците. 

„EarthCare.ai цели да е најголемата база на податоци за климатските промени и природни непогоди како поплави, пожари, земјотреси, суши, бури и многу други. Слично како AirCare што собираше податоци за воздухот од разни места, така и EarthCare.ai работи но на многу поголемо ниво, преку контактирање сателити, радарски системи и станици на земјата за собирање метео податоци. Потоа, истите податоци ги поминуваме низ наши модели кои ни кажуваат каде и колку непогоди има на земјата.

Имаме пристап до историски податоци во последните 10 години, а и можност за предвидување на непогоди во наредните 2 недели (работиме и на долгорочно предвидување со години во иднината).“, додава Горјан.

EarthCare.ai е .mk стартап на месецот за октомври 2023.  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk