Дури 88% од објектите за игри на среќа се поблиску од 500 метри до училиштата: визуелизација на Николче Вишиноски

во Вести

Кога ќе нацртате круг од 500 метри околу секое училиште, центарот на градовите во Македонија едноставно поцрвенува. Она што е поголем пораз е дека дури 88% од локациите за игри на среќа во моментов паѓаат во оваа „забранета зона“.

Вака накратко изгледа реалноста за македонските објекти за игри на среќа ако ги погледнеме низ новата веб-алатка 500m.vish.mk. Алатката е изработена за еден викенд од 20-годишниот битолчанец Николче Вишиноски. Николче е full-stack програмер. Започнал да програмира на само 16 години, а денес, покрај ангажманите за клиенти од САД, Велика Британија и ОАЕ, работи на дигитализација на услугите во Општина Битола. За себе вели дека сака да гради решенија што решаваат конкретни секојдневни проблеми. Инспириран од ова одлучи сувиот текст од новиот Закон за игрите на среќа да го претвори во визуелна мапа.

Резултатите на мапата се застрашувачки: скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ има најмногу, дури 14 вакви објекти во својот радиус, а Скопје, Гостивар и Тетово се вистински „жаришта“. Во ова интервју со Николче разговараме за тоа како еден човек со open-source алатки може да заврши работа за која се потребни цели институции, колку се (не)достапни гео-податоците во Македонија и дали самостојната граница од 500 метри е сепак премала за вистински да ги заштити младите.

Николче Вишиноски

Од каде се роди идејата за 500m.vish.mk?

Од самиот закон. Кога помина предлог-законот дека одредени локали за игри на среќа не смеат да бидат поблиску од 500м од основните и средните училишта, првата помисла ми беше: убаво, ама каде точно се наоѓаат тие 500м? Не се прикажани визуелно бидејќи – нормално законот е само текст, а текстот не кажува дали одреден локал „паѓа“ во danger зоната. Јас размислувам визуелно, па во главата веднаш ми се исцрта мапа со кругови околу секое училиште. За еден викенд седнав и го направив тоа што сакав да го видам самиот, а сигурно сакаа и многу други луѓе.

Кои технолгии ги користеше за развој на платформата? Зошто се одлучи токму за нив?

React, Leaflet, Python/node поради едноставноста. Нема интеракција од корисникот – нема потреба од комплексен backend.

  • React – сервирањето се прави со статички фајлови, се со цел да го заштедам својот сервер за следни проекти кои планирам да ги објавувам.
  • Leaflet – Намерно не одев на Google Maps подлога затоа што таа се наплаќа по вчитување, а јас сакав нешто што може да го отвори секој, бесплатно, без мојата сметка да гори.
  • Python / node скрипти – за податоците (Google Places API). Клучот за Google останува во Node, никогаш не се експонира во browser. Идејата е дека податоците се градат еднократно во build, а сајтот е само статичен резултат.

Што ти покажа работата на 500m.vish.mk, колку се прецизни и точни податоците од OpenStreetMap за Македонија?

Искрено, ме натера да бидам повнимателен. Прво искористив open-source база со податоци, но имаше неколку реакции дека одредени места не се на мапата или дека некои локали не се казина (една книжара во Скопје била означена како казино). Бев приморан да одам со Google Maps бидејќи нивните податоци се ажурирани секојдневно, и после следната синхронизација немав проблем. 95% од училиштата се покриени, додека пак за некои локали (барем за Битола или регионот) можам да кажам дека ги нема ни на Google мапи што отвора прашање дали воопшто тие локали работат како казина.

Отворен си за помош, на пример вцртување на постоечките казина и обложувалници за да се види кои од нив „паѓаат“ во забранетата зона. Колку е тешко да се најдат јавни и прецизни гео-податоци за локациите на приредувачите на игри на среќа во Македонија за да се реализира ова?

Тешко, но не е невозможно, и тоа е и поентата. Успеав да ги верификувам преку скрипти сите податоци сам, при што секој локал кој се појавува на мапата е проверен од мене лично пред да биде објавен. Но, официјален и машински читлив регистар со точни координати на сите приредувачи, каков што би требало да постои, јас не пронајдов. УЈП знае кој има лиценца, но тоа сѐ уште не е достапно како отворен geo-dataset. Значи да, отворен сум за помош баш тука: ако некој донесе проверена листа со адреси или координати на постоечките локали, за час ги додавам и веднаш се гледа кои „паѓаат“ во зоната и треба да се дислоцираат.

Кога ја погледна мапата на Скопје или на другите градови откако ги внесе податоците, каков беше твојот прв впечаток? Дали овие „забранети зони“ покриваат поголем дел од урбаните средини отколку што луѓето замислуваат?

Првиот впечаток беше „ова е премногу“. Кога ставаш круг од 500 метри околу секое училиште, а училишта има насекаде во градот, зоните почнуваат да се преклопуваат и голем дел од урбаното јадро едноставно поцрвенува. Луѓето замислуваат дека 500 метри е некаков мал круг околу една зграда. Не е. Во погуст град, 500 метри од секое училиште практично покрива поголем дел од центарот. Тоа беше моментот кога ми стана јасно колку всушност е сериозна одредбата на хартија.

Дали можеби знаеш кое е училиштето околку кое има најмногу вакви објекти?

Од моите тековни податоци, најмногу локали во кругот на од 500м спаѓаат СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито” – Скопје, четиринаесет во зоната. Веднаш потоа доаѓа О.У. „Единство“ (Гостивар) со дванаесет локали. Но тука морам да напоменам дека дел од „училиштата“ на врвот од листата се приватни што се индексираат на Googlе, не вистински основни и средни училишта. Затоа ова го давам како индикатор, а не пресуда. Општо, Скопје води со најмногу локали во зона, па Гостивар и Тетово. Од вкупно 294 локали што ги имам, дури 259 (околу 88%) се на помалку од 500 метри од места означени како училиште, што само по себе покажува колку е тесно и испреплетено.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk