Дружба со Whimside, OTHERWAR и In Woods

Whimside: Вашето ново пријатно катче на екранот

Whimside е уникатна игра за собирање суштества која е дизајнирана да се вклопи во вашата дневна рутина без да ви пречи. Играта се поставува на дното на вашиот екран и ви нуди релаксирачко бегство додека работите, учите или едноставно се одморате. На некој начин, добивате постојан придружник кој не бара целосно внимание, туку нуди мирен и пријатен додаток на вашите секојдневни активности.

Главната цел во светот на Whimside е истражување и откривање. Ќе патувате низ различни биоми, секој со своите тајни и изненадувања, во потрага по ретки видови на суштества наречени Whimlings. Со фаќање на овие суштества и создавање на нови хибридни видови, ќе отклучувате нови предели за истражување. Секој нов биом носи со себе можност да ја збогатите вашата колекција со уникатни и досега невидени суштества.

Еден од најкреативните аспекти на играта е можноста да го персонализирате вашиот простор. Како што напредувате, ќе отклучувате широк спектар на декорации со кои ќе можете да го уредите вашето катче, од мирна градина до екстравагантно игралиште на отворено. Покрај тоа, можете да создадете сосема нови видови на Whimlings со спојување на две различни суштества. Секоја комбинација резултира со процедурално генериран вид, кој ви помага да отклучите нови биоми и декорации.

Whimside претставува шармантно и релаксирачко искуство кое се игра со сопствено темпо и сер наметнува како интересен избор за оние кои бараат пријатно бегство од секојдневието, нудејќи креативност, истражување и чувство на постојано друштво директно на вашиот екран.


За љубителите на игри за преживување, In Woods нуди интензивно roguelike искуство сместено во длабочините на една шума. Вашата главна задача е да се борите против различни видови чудовишта, да изработувате предмети кои ќе ви помогнат да преживеете и на крајот да го победите моќниот бос за да извојувате победа. Играта ве фрла во непријателска средина каде што секој потег е важен и секоја нова игра носи различни предизвици.

Во In Woods, преживувањето зависи од вашата способност да се прилагодите и да станете посилни. Со поразување на одреден број чудовишта, вашиот херој ќе напредува и ќе добие можност да избере моќен магичен предмет. Истовремено, ќе треба да собирате ресурси од шумата, како дрво, за да изработувате неопходни предмети. Доколку успеете да преживеете доволно долго, ќе се соочите со финалниот предизвик – битка против главниот бос, чија победа го означува крајот на вашето опасно патување.


Zа сопствениците на PlayStation 5 и Xbox Series X|S, неодамна излезе уникатната игра OTHERWAR. Развиена од студиото kantal collective, оваа игра претставува иновативен спој на два класични жанрови: стратегија за одбрана на кули и bullet-hell акција. Во оваа игра, вие ја преземате улогата на божествен заштитник, ангел кој е повикан да ги одбрани портите на Рајот од безмилосните орди кои доаѓаат од Пеколот. Оваа комбинација ветува свеж пристап кон тактичкото планирање и брзите рефлекси.

Гејмплејот на OTHERWAR нуди длабоко стратешко искуство каде што морате мудро да ги поставувате вашите одбранбени структури, додека истовремено активно ги избегнувате густите и сложени напади на непријателите. Она што ја прави играта посебна е можноста директно да се вклучите во битката како бранител од страна на ангелите. Можете да летате над бојното поле, да ги уништувате непријателите со вашите сопствени вештини и да го промените текот на битката. Со девет уникатни мисии, секое ниво претставува нова тактичка загатка, надополнета со прекрасна ретро пиксел-арт графика и оригинална музика која ја збогатува атмосферата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments