0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2021

xCloud стриминг на игри стана достапен во 22 земји, но не и во Македонија

xCloud овозможува стриминг на над стотици игри од каков било телефон или компјутер, со што се поставува како директен конкурент на GeForce Now. Ова е феноменална и пристапна можност, особено доколку имате супер брз интернет.

xCloud е вклучен во Game Pass Ultimate претплатата, што е одлична зделка затоа што за 15 долари можете да играте бројни игри на вашата Xbox конзола, преку вашиот Windows компјутер, а сега и xCloud стриминг. За стриминг на компјутер, потребен ви е каков било контролер: USB или Bluetooth, а сесиите ги започнувате директно од прелистувачот (Edge, Chrome, или Safari).

Иако македонските гејмери без проблем можат да уживаат во сите предности на Game Pass Ultimate претплатата, нема да можат така лесно да започнат xCloud сесија. Имено, од Microsoft се значително построги и имплементираат поригорозни географски рестрикции. За жал, без употреба на VPN никако не успеавме да започнеме игра преку xCloud. Кога ќе земете во предвид дека повеќето бесплатни VPN услуги значително ја намалуваат брзината, ем се наметнува дополнителен трошок, ем се бара постојана имплементација на ваквата кратенка.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top