По 49 часа downtime, повторно сме онлајн!

во ИТ.МК

IT.mk беше недостапен изминативе 49 часа поради проблеми со датацентарот каде што се серверите.

Поради отсутност неделава на дел од тимот исто така не можевме навремено да ги активираме и тековните бекап процедури и миграции.

Генерално проблемот можеше да биде надминат многу побрзо, но за жал нереспонзивноста и непрофесионалноста од вработените во датацентарот во Германија го искомплицира ова несакано искуство максимално.

Се извинуваме за прекинот, немаме оправдување.

Во знак на извинување, на IT.mk/market ќе понудиме 490 денари попуст на производ со купон кодот 49DOWNTIME.

Купонот ќе важи 49 часа (до недела 16.00), а минимален потребен износ за валидност на купонот е 3.500 денари. За да го искористите, при процес на нарачка внесите го купонот 49downtime.

TNX на разбирање!
Тимот на IT.mk

п.с. револтот разбирливо искажете го во коментар или на официјалната тема за downtime-ов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Горазд
Горазд
2 years ago

Има еднамногу познато,ако му правиш некому нешто без размисла..мисли дека не сакаш и тебе да ти направат..ова е за големиот патирот на форумот што ги банира членовите под изговор национализам , а не знае основен поим што е Национлано..тој фаталити,и после перидото не ги пушта профилите..ова е почеток..кармата повеќе ќе делува,ако продложите…вие го викате марфи,ама тоа е карма,а по народски клетва…