The Rogue Prince of Persia 1.0: Завршетокот на едно патување

По периодот на ран пристап, The Rogue Prince of Persia и Ubisoft конечно ја доживеа својата целосна верзија 1.0, означувајќи го крајот на развојното патување и почетокот на комплетното искуство за играчите. Развиена од студиото Evil Empire, познато по нивната работа на Dead Cells, оваа игра го зема иконскиот свет на принцот од персија и го спојува со предизвикувачката roguelite формула. Финалната верзија не само што ја заокружува приказната, туку носи и значајни подобрувања и нови содржини кои го прават светот побогат и подинамичен.

Претходни текстови на оваа тема:

The Rogue Prince of Persia: Акробатска прецизност и брутална борба

The Rogue Prince of Persia е игра која се истакнува со исклучително флуидни и респонзивни контроли. Играта се враќа кон корените на серијалот со акцент на 2D акробатска платформа, каде трчањето по ѕидови, скокањето и избегнувањето на стапици се изведуваат со беспрекорна леснотија. Ова движење не е само средство за навигација, туку е целосно интегрирано во борбениот систем.

Транзицијата од акробации во брза борба е интуитивна, овозможувајќи ви да изведувате стилски комбинации и да ја користите околината во своја полза. Благодарение на roguelite структурата се овозможува огромна разновидност во стиловите на играње, а со новата функција наречена арсенал, добивате можност да блокирате одреден број на предмети што не ги преферирает, давајќи си поголема контрола врз секој нов поход.

Што носи верзијата 1.0: Експанзија на светот и приказната

Со официјалното излегување, играта доби две сосема нови зони кои го прошируваат светот и ја водат приказната кон нејзиниот логичен крај. Првата зона, Port of Ctesiphon, ве вовлекува во опасни, корумпирани води исполнети со нови непријатели. Оваа област бара внимателно истражување на секое пристаниште за да се пронајде патот кон спасот на Персија. Втората зона е Besieged Palace, некогаш величествена градба, а сега разорена од нападите на Хуните.

Овде, атмосферата е мрачна и напната, а целта е да се врати домот на принцот и да се стигне до престолната соба. Кулминацијата на приказната ве носи до финалната пресметка со главниот антагонист, кралот Ногаи. Самата борба е дизајнирана да ги тестира сите вештини што сте ги стекнале низ авантурата, нудејќи спектакуларен и предизвикувачки крај на инвазијата.

Стилизирана уметност и динамичен ритам

Визуелно, The Rogue Prince of Persia се одвојува од претходните наслови во серијалот со својот живописен и стилизиран уметнички правец, кој потсетува на стрип. Овој избор не само што ѝ дава на играта уникатен идентитет, туку и овозможува анимациите да бидат исклучително флуидни, што е од клучно значење за игра фокусирана на брзо движење. Ликовите се експресивни, а околините се полни со детали кои го оживуваат светот, од мрачните води на пристаништето до уништените сали на палатата.

Звучната подлога е уште еден силен адут. Интензивната музика, која комбинира модерни електронски ритми со персиски мелодични мотиви, совршено го надополнува адреналинското темпо на играта. Секоја акција, од ударот со меч до трчањето по ѕид, е придружена со задоволувачки звучни ефекти кои го прават секој момент поимпресивен и повпечатлив.

Верзијата 1.0 воведува и низа подобрувања кои го олеснуваат искуството. Медалјоните повеќе не се уништуваат при замена, туку паѓаат на земја, овозможувајќи рециклирање или подоцнежна употреба. Системот за мисии е целосно ревидиран врз основа на повратните информации од заедницата, со намалени барања и зголемени награди. Додадени се и практични алатки како легенди на мапите, архива на сите упатства и систем за следење на целите на приказната.

The Rogue Prince of Persia во својата финална форма е успешен спој на класичната акробатска формула и модерниот roguelite дизајн. Играта нуди предизвикувачко, но фер искуство, кое постојано наградува со нова содржина и можности за експериментирање. Иако Evil Empire го сметаат проектот за комплетен, оставаат простор за идни додатоци доколку играта постигне голем успех. Како и да е, во својата сегашна состојба, ова е полиран, содржаен и исклучително забавен наслов кој достојно го носи името на Принцот од Персија.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Evil Empire
  • ИздаваUbisoft
  • Жанр: roguelite авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 27 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments