Девелоперите на „нишан“ на вештачката интелигенција – запознајте го Девин

Вештачката интелигенција и натаму не забавува. Откако видовме куп најави за супер модерни модели за генерирање на содржина, на пример Sora која овозможува креирање на неверојатни видеа им дојде ред и на програмерите. Компанијата Cognition AI е пионер во развојот на вештачка интелигенција. Директорот на Cognition Скот Ву оваа недела на блогот на стартапот го претстави Devin.

Веќе сме виделе различни алатки кои со помош на вештачка интелигенција им помагаат на програмерите. Разлика со Davin е што неговата намена не е да биде корисна алатка, туку замена за програмер. Devin може во целост да заврши задача дури и кога не е целосно трениран на делови од задачата.

Во примерот кој Cognition го искористи за да го претстави Devin, вештачката интелигенција требаше да направи бенчмарк тест на Llama 2 на три различни провајдери: Replicate, Together и Perplexity. Заедно со овој промпт корисникот му дава и насока самиот да се снајде со потребната API документација. Ова е сѐ што користи Devin и оттука натаму е во целосна контрола.

Штом вештачката интелигенција добие некое барање започнува да истражува на интернет за можно решение на проблемот. Во примерот кој го споделија, самиот отвори прелистувач со API документација за да открие како да се поврзе со апито.

Користењето на Devin за корисникот наликува помалку на користење на алатка како ChatGPT на пример. Корисникот внесува текст барања. Тука сличноста завршува. Devin започнува самостојно да работи како девелопер. Вештачката интелигенција самата користи алатки како и секој програмер. Најпрво креира план во точки кој ќе го следи за да го исполни барањето и почнува да ги следи точките и да ги завршува барањата. На располагање му се командна линија, прелистувач, и код едитор.

Ако во текот на работата вештачката интелигенција налета на грешка може самата да го тестира и дебагира кодот, и да пронајде решение за грешките. Барем засега корисникот ако забележи дека нешто е сомнително може да преземе контрола преку дополнителни команди да го реши проблемот.

Не учете да програмирате?!

Ешли Венс од Bloomberg има пристап до Devin и вели дека може да креира Pong игра или да креира веб-страница од нула за помалку од 20 минути. Devin може да заврши и покомплексни задачи иако за нив е потребно подолго време.

Неодамна извршниот директор на Nvidia Џенсен Хуанг ги советуваше младите да не учат кодирање. Единствена причина за ова е супер-брзиот развој на вештачката интелигенција, па вештините кои сега се потребни за програмирање нема да бидат потребни во иднина.

Дури и кога вештачката интелигенција ќе биде доволно напредна да може самостојно да работи луѓето сепак ќе мора да бидат присутни за надзор.

 „Cognition e една од првите што го направи ова со Девин, што изгледа како исклучително ветувачка апликација. Сега преминуваме во новата фаза на вештачката интелигенција која може да овозможи автоматизирани софтверски операции, каде што софтверот во суштина може да се напише сам.“, вели Холген Милер од Constellation Research Inc за Silicon Angle.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk