Почнувајќи од 2019-та, на секои две години, IT.mk врши мапирање на македонската ИТ индустрија преку повеќенеделна анкета во која ИТ професионалците во земјава ги прашуваме кои технологии користат, какви примања имаат, што е тоа што ги нервира при секојдневното работење и какви им се очекувањата од компаниите во коишто работат, покрај многу други информации. Вакво истражување правевме во 2019-та, во 2022-ра.
Оваа година во мапирањето учествуваа 2.010 испитаници, од кои добивме 1.987 валидни одговори. По сектори, најзастапен беше секторот програмирање и девелопмент во кој одговорија 1.646 испитаници.

Оваа година, посебна секција во истражувањето доби и вештачката интелигенција (ВИ), која како тема е сѐ позачестена во ИТ круговите. Македонските ИТ професионалци ни одговорат дали стравуваат дека ВИ ќе им ја загрози или подобри работата, колку често ја користат и што очекуваат од оваа нова технологија во блиска иднина.

Податоците во мапирањето на IT.mk се разликуваат од податоците кои ги споделува Државниот завод за статистика на тема плати бидејќи навлегува подлабоко во тематиката и нуди можност за проценка на платите во ИТ индустријата според многу фактори – технологија, пол, примарна алатка, ниво на искуство, како и диференцијација на примањата според типот на работодавачот. Најважно од сѐ на тема плати, користиме медијана наместо просек, како што користи ДЗС.
- Испитаниците со примања помали од 9.000 и поголеми од 610.000 ден. не влегуваат во калкулациите за месечни нето примања.
- Во пресметката за месечните нето примања користиме медијана а не просек поради отстапувањата во податоците со цел прикажување на нормализирана средина на примањата.
- Во пресметката за месечните нето приходи исклучени се испитаниците кои работат во странство.







