Во обид да ги катализира иновациите и да го негува идниот бран на потенцијални unicorn стартапи во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), ReaktorX, со седиште во Варшава, официјално го објави повикот за пријавување кон нивната accelerator програма, осмислена да ги зајакне основачите на ЦИЕ, да им дозволи да градат револуционерни стартапи и да се забрза севкупниот раст.
Она што го издвојува ReaktorX е сеопфатна понуда прилагодена да ги задоволи уникатните потреби на основачите на стартап компании:
- Pre-Seed финансирање од 25 000 евра: oбезбедување финансиски поттик за претприемачките патувања, во замена за 5% капитал.
- 75.000 евра во попусти и кредити: зајакнување на стартапите со основни ресурси за ефикасно скалирање.
- Инстантна помош од колеги-основачи: пристап до јасни насоки од индустриски експерти, вклучително и ЦИЕ Unicorns.
- Доживотна значка на дипломиран ReaktorX член: признание кое трае цел живот.
- Без работилници: отстапувајќи од традиционалните пристапи, ReaktorX се фокусира на практични совети и директно насочување, а не на теоретски предавања.
- Хибридна структура: клучни настани, како првата недела и настанот „демо ноќ“, се одржуваат во различни ЦИЕ држави секоја година, со што се промовира меѓународна соработка.
Кон повикот може да се приклучат и да аплицираат стартапи од целиот регион на ЦИЕ, вклучувајќи ги Романија, Полска, Унгарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка, Литванија, Латвија, Естонија , Азербејџан, Ерменија, и Грузија.
Добитникот на наградата за популарност на „демо ноќ“ од претходната група, The Linghos, се погрижи Полска да биде држава-домаќин на претстојната програма. Со 245 кандидати од 12 држави кои беа во последната група, ReaktorX ја задржа својата конкурентска предност така што прифати само 5 стартапи, по еден по држава.
Лука Стирбат, извршен директор во ReaktorX, изрази позитивно очекување за претстојната група, истакнувајќи ја издржливоста на стартапите кои се соочени со предизвиците за прибирање финансиски средства.
„Додека го отвораме повикот за оваа нова група во ReaktorX, со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни предложат основачите. Иако беше тешка година за собирање средства, ние гледаме на сево ова како на можност. Само најотпорните стартапи преживеаја низ овој сув период, таканаречените cockroach основачи (лебарки, прев. анг). Возбудени поради тоа што некои основачи се пријавија по прв пат, јасно е дека светот се промени многу во последните две години. Сигурни сме дека зад секој агол и понатаму демнее скриен и неискористен потенцијал“. – рече Стирбат.
Повикот е отворен за основачи со различни искуства, неисклучувајќи ги и оние основачи кои никогаш до сега се немаат пријавено, како и сериски претприемачи, но и визионери со глобални решенија. Стартапите со завршена проверка или прототип се охрабруваат да аплицираат до 20 јануари. Заинтересираните основачи можат да ја посетат официјалната веб-страница на ReaktorX за да ги поднесат своите пријави, но и да поднесат 2-минутно видео кое го прикажува излагањето на тимот.







