Федералната комисија за хартии од вредност дозволи Spot Bitcoin ETF тргување

Федералната комисија за хартии од вредност позитивно одговори на 11 барања за отворање на биткоин фондови за тргување преку размена (ETF). Официјално тргувањето може да започне од 11 јануари со самото отворање на берзите.

Одлуката доаѓа 10 години откако крипто берзата Gemini го поднесе своето барање за ETF во 2013 година. Комисијата за хартии од вредност тогаш веднаш го отфрли барањето на Gemini.

Првите ETF трговци сe Ark Invest, Bitwise, BlackRock, Fidelity, Franklin, Grayscale, Hashdex, Invesco Galaxy, Valkyrie, VanEck и WisdomTree. Дел од овие компании веќе имаат во сопственост криптовалути во вредност од неколку милијарди долари, пишува Coindesk.

Тргување со Bitcoin vs Bitcoin ETF

Тргувањето со Bitcoin ETF не е исто како тргувањето со крипто-валутата. Кога директно купуваме или продаваме биткоин во суштина тргуваме со биткоинот и тој ја менува сопственоста. Ова значи дека може да ја земеме дигиталната валута и да ја ставиме во нашиот дигитален паричник.

Ова не е случај со тргувањето со Bitcoin ETF. Во овој случај купуваме или продаваме акции во биткон фондови. Криптовалутата секогаш е во сопственост на фондот. Акциите на овие фондови ќе зависат од цената на биткоин, но и од други фактори, на пример надоместоци што ги наплатува фондот.

Секако, клучната разлика помеѓу директното тргување на битокин е што во овој случај ја поседувате крипто валутата. Во тргувањето со Bitcoin ETF сопственик сте на акции во фонд кој е сопственик на биткоини.

„Одобрувањето e голем исчекор во воспоставувањето на крипто како средство за размена, отворајќи го патот за нови можности за тргување“, вели претставникот на Cboe Gloval Markets.

Што ќе се тргува на берза

Официјализирањето на биткоин ETF ќе им отвори на инвеститорите можност за инвестирање во биткоин без директно да поседуваат биткоин. Инвеститорите ќе може да тргуваат со биткоин спот, биткоин фјучерс и биткоин фјучерс ETF.

Најголемите оптимисти проценуваат дека само оваа година ETF би можеле да привлечат помеѓу 50 и 100 милијарди долари. Други кои не го делат овој оптимизам сметаат дека приливот ќе биде поблиску до 55 милијарди за време на следните 5 години.

Само во последните неколку месеци биткоин ја зголеми својата вредност за 70%. На почетокот на јануари за прв пат по 2022 година надмина 45000 долари. Во моментов цената на биткоин е во пораст и изнесува 46 810 американски долари.

Конечно и официјална потврда

На официјалната потврда од Комисијата за хартии од вредност и претходеше лажна објава од твитер профилот на SEC. Веста беше дека комисијата позитивно одговорила на барањата, иако во тој момент тие сѐ уште заседаваа.  Комисијата потоа се огласи дека некој успеал да преземе контрола врз профилот и дека веста од објавата е лажна. Како последица на ова цената на биткоин најпрво порасна, за потоа да почне да паѓа.

Комисијата го одобри отворањето на биткоин фондовите со 3 гласа „за“ и 2 „против“. „За“ гласаа комесарите од Републиканската партија и демократот Гери Генслер. Гласањето на Генслер е изненадување, не поради тоа што гласаше различно од останатите претставници демократи, туку бидејќи важи за крипто-скептик. Керолајн Криншо која гласаше против ги сподели своите стравувања за недостаток на мерки за заштита на инвеститорите.

Иако гласаше „за“ Генслер додаде дека ова не значи дека агенцијата го поддржува биткоинот, додавајќи дека е „шпекулативно, нестабилно средство кое се користи и за финансирање криминал“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk