Клучните играчи за ризичен капитал во Југоисточна Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во Статии

Во текот на изминатата деценија, регионот на Југоисточна Европа се истакнува како плодна почва за претприемачкиот дух. Во срцето на оваа трансформација, во регионот кој повеќе не е засенет од страна на западните региони на континентот, вдомени се ризичните капиталисти (VC) кои го препознаваат и поттикнуваат потенцијалот на младите стартапи и компаниите.

Според податоците од извештајот за ЈИЕ 2022 на Dealroom, од 2012 година регионалните стартапи пораснале за 50 пати во комбинираната вредност на претпријатијата, што е значително побрзо од нивните соседи во ЦИЕ (9,1x) и европскиот просек (12,1x). Дополнително, комбинираното финансирање на стартапи со ризичен капитал, со седиште во ЈИЕ, може да се пофали со рекордно достигнување од над 1,3 милијарди долари во 2022 година. Извештајот покажува и дека финансирањето на VC во регионот порасна речиси 6 пати од 2017 година, и според сите показатели продолжува континуирано да расте.

Во оваа статија ви ги прикажуваме најактивните играчи кои преку поттикнување соработка го преобликуваат инвестицискиот потенцијал на регионот, и придонесуваат за развојот на локалните стартап екосистеми.

South Central Ventures 

Со канцеларии во Љубљана, Загреб, Белград и Скопје, South Central Ventures (SCV) се фокусира на технолошките компании во регионот на ЈИЕ. Инвестициската стратегија на фондот е насочена првенствено кон инвестиции во рана фаза и раст во технолошки компании. Главната цел на вложениот капитал е да го олесни меѓународното деловно проширување, како и да овозоможи раст на најперспективните технолошки стартапи со остварлив потенцијал.

Early Game Ventures

Со седиште во Букурешт, Early Game Ventures (EGV) е фонд кој инвестира во стартапи кои го започнуваат развојот на нови индустрии на пазарите во развој во Европа. Фондот инвестира во најраните фази во компании чии основачи се водени од сопствени интереси, но и се флексибилни во поглед на обуки и ефикасно справување на големите пазари.

Истакнувајќи се со таканаречениот concierge accelerator, EGV се нафаќа за интензивна и прилагодена програма на само 5 – 6 стартапи годишно.

Sparking Capital

Sparking Capital е фонд за ризичен капитал во рана фаза. Фондот е поддршка за претприемачите со уникатни индустриски увиди, моќна визија, страст, храброст и квалитетно извршување на нивните планови.

Романскиот фонд се фокусира на pre-seed и seed инвестиции. Нивната предност за инвестиции е во потрошувачки интернет, маркетинг-технологија, синџир на снабдување-технологија, финтек, имот, циркуларна економско-технолошки стартапи со диференцирачки предлози за вредност и нарушувачки деловни модели кои имаат потенцијал да станат национални шампиони.

Underline Ventures

Underline Ventures е фонд со седиште во Романија. Уште од најраните фази, фондот соработува со источноевропски основачи кои градат стартапи со висок раст и со глобални амбиции. Фондот инвестира во seed фаза (pre-seed, seed, late seed) заедно со други инвеститори, со просечна финансии од 500 илјади евра. Underline им помага на основачите да ја дефинираат вистинската стратегија, соодветните пресвртници и приоритети на нивната компанија, од seed до Series А, а исто така им помага во поврзувањето со капитал и талент.

Vitosha Venture Partners

Vitosha Venture Partners е VC со седиште во Бугарија. VVP инвестира помеѓу 25 илјади и 1 милион евра во компании во рана фаза и во фаза на раст, компании кои се со седиште во Бугарија или пак тесно-поврзани со земјата. Главниот фокус на фондот е на снаодливи основачи и етапно извршување на важни идеи. Vitosha Venture Partners го користи своето инвестициско искуство, глобалната мрежа и пристапот до пазарот и има за цел да ги претвори претприемачите во шампиони.

Eleven Ventures

Инвестирајќи во стартапи од 2012 година, Eleven е еден од водечките VC во рана фаза во Југоисточна Европа. Со над 150 колективни инвестиции во текот на 12 години, тимот на Eleven беше клучен во катализирањето на регионалниот стартап екосистем. Eleven ги поддржува технолошките компании во четири приоритетни вертикали – финтек, здравствена заштита, иднина на работа и одржлива храна. Некои од стартапите кои Eleven ги поддржа се првиот бугарски unicorn Payhawk и регионални ѕвезди како што се Quantive, Dronamics, SMSBump, Kanbanize и Nitropack.

BrightCap Ventures

BrightCap Ventures е фирма за ризичен капитал во рана фаза. BrightCap инвестира во компании со одбранбена технологија и во области каде има значителен глобален потенцијал за раст. Со седиште во Софија, BrightCap се шири во Силиконската долина и Европа, со цел да го зголеми своето портфолио.

LAUNCHub Ventures

LAUNCHub Ventures е фонд за ризичен капитал во рана фаза, кој поддржува технолошки стартапи во фазите на финансирање Seed и Series A. Фондот инвестира во Централна и Југоисточна Европа (ЈИЕ и ЦИЕ), како и во компании изградени од амбициозни основачи од тој регион, кои се со седиште во водечките стартап центри ширум светот. Нивните првични инвестиции се помеѓу 300 илјади и 2 милиони евра; а најголемите инвестиции одат и до 4 милиони евра.

Presto Ventures

Presto Ventures е VC фирма со седиште во Прага. Инвестирајќи во брзорастечки технолошки компании, Presto Ventures ги зајакнува амбициозните основачи на стартапи низ поширокиот регион на ЦИЕ. Фондот се фокусира на стартапи поврзани со B2B софтвер во рана фаза, како и онлајн пазари. Presto Ventures им помага на компаниите брзо да се прошират и им помага таму каде што е најважно – во продажба, вработувања и прибирање финансиски средства за следните рунди.

Со средства од 100 милиони евра за управување на почетокот на 2023 година, Presto Ventures моментално излегува од Фонд I, инвестира од Фондот II и го отвора Фондот III. Presto Ventures обично влегува во компании со инвестиција од 200 илјади евра до 1,5 милиони евра, а потоа продолжува сѐ до доцен стадиум на seed или Series A.

Inovo Ventures

Inovo Venture Partners поддржува стартапи од Полска и регионот на ЦИЕ во рана фаза, со инвестиции до 3 милиони евра. Паралелно со ова, фондот им помага на стартапите да градат глобални брендови, но и го поттикнува растот на локалниот стартап екосистем.

SMOK Ventures

SMOK Ventures е американски фонд за ризичен капитал со седиште во Варшава кој инвестира помеѓу 100 илјади и 1 милион американски долари во стартапи на софтвер во рана фаза во Централна и Источна Европа. Нивниот главен фокус е на развој на софтвер и игри. SMOK VC е предводен од тим на претприемачи и лидери на заедницата со цел да им помогне на основачите на стартап компании во рана фаза да изградат глобални софтверски претпријатија од повеќе милиони долари.

Roosh Ventures

Roosh Ventures е украински фонд од рана фаза што инвестира во различни сектори со фокус на финтек, игри и вештачка интелигенција. Фондот има агностички пристап кон инвестициите, со што се истражуваат различни можности во овие индустрии.

Областа на експертиза на Roosh вклучува имплементација на AI/ML технологија преку консултации и ML аутсорсинг, забрзано ангажирање на инженери, сеопфатни програми за подобрување на вештачката интелигенција и ефективни извори на ризични капиталисти, партнери и клиенти.

Flyer One Ventures

Flyer One Ventures е компанија за ризичен капитал во рана фаза која инвестира во стартапи од Европа и Северна Америка. Има неколку тимови со седиште во Португалија, Полска, Украина и други европски земји, а веќе има инвестирано во над 60 стартапи со сума која достигна 35 милиони долари во рок од 4 години.

Фондот инвестира во pre-seed, seed, и Series A фази. Нивниот просечен чек е 500 илјади долари, со можност да „варира“ од 100 илјади до 2 милиони долари.

Big Pi Ventures

Big Pi е фонд за ризичен капитал со седиште во Атина, кој инвестира во основачи кои работат на сопствени технологии и помагаат во решавањето на големи општествени проблеми. Фондот е фокусиран на решенија засновани на напредокот во компјутерската наука, вештачката интелигенција, животните науки и климатските технологии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во текот на изминатата деценија, регионот на Југоисточна Европа се истакнува како плодна почва за развојот на еден млад претприемачки дух. Во срцето на оваа трансформација вдомени се ризичните капиталисти кои вложуваат во потенцијалот на овие стартапи и компании. На листата се фондови како Витоша Венчр Партнерс, Андерлајн Венчрс, и Престо Венчрс. Прочитај повеќе […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk