Blood: Refreshed Supply: враќањето на крвавиот класик

во гејминг

Неодамна излезената Blood: Refreshed Supply е, всушност, модерна ревитализација на легендарната пукачка игра од прво лице, првично развиена од Monolith Productions во 1997 година. Новото издание, кое е преработено од страна на одамна докажаните Nightdive Studios, е сеопфатно обновување за на модерните платформи, неисклучувајќи ги ни конзолите.

Blood: Refreshed Supply успева да го задржи препознатливиот мрачен шарм и специфичната атмосфера инспирирана од хорор делата на Лавкрафт, истовремено нудеји технички подобрувања препознатливи за денешните наслови.

Играјќи со Кејлеб, ќе навлезете во брутален одмазднички поход против божеството Чернобог и во забавна приказна за предавство и воскреснување. Низ 42 разновидни нивоа, ќе наидете на култисти, зомбија и други пеколни суштества. Дизајнот на околината и непријателите останува верен на оригиналната визија, но сега се изгледа значително подобро, благодарение на поддршката за висока резолуција.

За разлика од стандардните FPS игри, Blood: Refreshed Supply ве охрабрува да користите уникатни и садистички алатки за уништување. Покрај класичниот митраљез и скратена сачмарка, ќе имате богати можности за масакрирање со вила, сигналниот пиштол кој ги пали непријателите, или спрејот со запалка. На располагање имате и окултни предмети, секој од нив со уникатна изведба, деструктивен капацитет и специфичен, но задоволувачки начин на елиминација. За беспрекорно управување, имате и додадената поддршка за модерни контролери и тастатура.

Blood: Refreshed Supply е изградена врз основа на оригиналниот изворен код, но со значителни оптимизации како фрејмрејт до 120 FPS. Визуелното искуство е збогатено со преработени сцени, како и имплементација на ефекти кои биле исфрлени од оригиналната верзија. Воведениот трезор содржи и нивоа што претходно исто така биле исфрлени, concept art и неискористени спрајтови. Доколку барате автентично носталгично искуство, ќе наидете на истата оригинална CD музика и MIDI звуци. Во поглед на мултиплеерот, имате на располагање локален split-screen и онлајн режим за до осум играчи.

Blood: Refreshed Supply успева да ја зачувува суштината на оригиналното искуство кое многумина го сакаат, отстранувајќи ги, од една страна, техничките бариери и додавајќи, од друга, вредна содржина која претходно не била достапна. Доколку сакате да искусите дел од историјата на FPS жанрот во најдобро можно светло, ова издание нуди забавно, крваво и технички исполирано патување низ пеколот кое дефинитивно вреди да се одигра. Топла препорака да ја проверите играта на PS5 и да пробате да нишаните користејќи ги сензорите на самиот контролер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments