Трчањето има многу предности. Од една страна ги зајакнува вашите мускули и допринесува до посилни коски. Од друга, помага за здравјето на вашето срце, а и помага при согорување калории како да ќе нема утре. Но, трчањето знае да биде здодевна и напорна активност. Како резултат, многумина не се доволно мотивирани и охрабрени за да ја створат и одржуваат оваа здрава навика. За среќа, постојат еден куп апликации кои ќе ви помогнат за ова. Да ги погледнеме најдобрите три!
Map My Run од Under Armour – Android / iOS
Користејќи GPS и други сензори, Map My Run следи и мапира каде и како трчате, водејќи сметка за тоа каде низ мапата се движите и со која брзина. Во пресметките се зема во предвид и времето кое го посветувате заедно со целосната дестинација која сте ја истрчале. На располагање имате бројни специјални вежби за трчање, осмислени од познати специјалисти. Тука некаде, ќе наидете и на планови за паметно тренирање, како и корисни совети за поздрав живот.

Peloton – Android / iOS
Некои луѓе едноставно не можат да трчаат надвор. Независно од причината, подобро е барем да трчате внатре, на трака, отколку да не трчате воопшто. За таквите спортисти, Paleton е одлична апликација за сите траки за трчање (treadmills) и се одликува со одлични програми кои навистина знаат како да ве мотивираат да започнете и да завршите со трчањето. Интересно е тоа што за многу програми, можете да слушате како вашите омилени тренери ве мотивираат со охрабрувачки разговори, соодветна музика, и слично.

Runna: Running Plans & Coach – Android / iOS
Runna е апликација со одличен личен план за трчање. Користејќи напредни алгоритми, сите планови се прилагодуваат на вас и вашите способности и моментни потреби. Паралелно со ова, станувате дел од одлична заедница со која можете да разменувате искуства и идеи, нешто што е особено важно доколку барате совети за исхрана и како да се справите за избегнување повреди.
Како ви изгледа? Трчате веќе подолго време или конечно планирате да започнете? Која е вашата најдобра апликација за оваа активност? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!







