The Crew Motorfest низ годините

во гејминг

The Crew Motorfest се појави како платформа со внимателно осмислена стратегија, константно додавајќи нови и забавни содржини. По поставување широка основа во првата година и преку значително проширување на основната платформа во втората, The Crew Motorfest сега се насочува кон максимално привлекување на што е можно повеќе играчи како и во пласирање на содржина креирана од корисниците. Како оваа популарна игра се има менувано низ годините и на какво место се наоѓа моментно.

Година 1 – Поставување на темелите на фестивалот

Првата година на The Crew Motorfest имаше за цел да постави широка и лесно достапна основа, дефинирајќи го клучниот фестивалски идентитет на играта, привлекувајќи, притоа, разновидна глобална база на играчи. На почетокот, сезонската структура се фокусираше на универзално признати автомобилски култури. Па така, американска беше гостин во септември 2023, јапонска во октомври, а европска стапи на сцена во ноември истата година. Секој месец, главната сцена нудеше нови активности поврзани со темата, создавајќи редовен циклус од новитети.

Втората сезона, меѓутоа, која отпочна од декември означи важна стратешка промена поврзана со партнерството со Hoonigan, бренд кој е синоним за специфичната субкултура на каскадерско возење. Соработката воведе сосема нови гејмплеј механики фокусирани на Gymkhana, поддржани од наменско игралиште во самата игра. Паралелно со ова, Year 1 Pass нудеше пристап до 25 дополнителни возила, но тоа не ги направи фановите среќни, затоа што голем дел од автомобилите подоцна можеа да бидат отклучени од сите. Нешто мораше да се смени.

Година 2 – Проширување на хоризонтот

Втората година од постоењето на The Crew Motorfest претставуваше голем стратешки исчекор, префрлајќи го фокусот од поставување основа кон значително проширување на основната платформа. Оваа фаза се дефинираше со масивно проширување на светот на играта и воведување на сосема нови гејмплеј системи.

Втората година започна во ноември 2024 година, предводено од отворање на портите кон островот Мауи. Бесплатната експанзија додаде над 100 квадратни километри нов терен, зголемувајќи ја вкупната површина за игра за речиси 50%. Новиот остров беше беспрекорно интегриран, овозможувајќи патување помеѓу Оаху и Мауи без какви било екрани за вчитување.

Заедно со бесплатната мапа, втората година воведе ново премиум гејмплеј искуство наречено The Chase Squad. Како директен одговор на критиките поврзани со првата година, новиот PvE режим го префрли фокусот од традиционални трки кон асиметрични бркотници. Згора на тоа, наместо да продава само ран пристап до автомобили, втората сезонска пропусница сега дозволуваше пристап до ексклузивен гејмплеј систем кој се одликува со сопствена прогресија и уникатни возила. Со ова, пропусницата прерасна во еден вид expansion pack, добивајќи значително повисока вредност.

Паралелно со ова, видовме и позрела стратегија за партнерство со брендови, како што е длабоката интеграција на Red Bull во Сезоната 6. Целата сезона беше изградена околу идентитетот на Red Bull за екстремни спортови, воведувајќи нови плејлисти, па дури и нови типови на трки, како што се Multi-VCat.

Година 3 – Фокус на изразувањето

Најавената содржина за третата година го подготвува теренот за уште една важна промена во стратегијата, овој пат насочена кон зајакнување на посветената заедница преку длабока персонализација и содржина креирана од самите корисници.

Од 5-ти ноември стапува на сила осмата сезона. Наречена Street Riders, сезоната ќе не одведе во светот на тајна, подземна екипа, враќајќи нè на онаа основна фантазија за нелегални улични трки. И, пред да прашате, да, воведувањето на слободни трки без однапред поставени рути ќе биде целосно овозможено.

Клучен дел од ажурирањето за третата година е темелниот ремонт на системот за персонализација на возилата, нешто што е директен одговор на барањата на заедницата. Се додава целосно прилагодлив stance на возилото, како и повеќе од 40 нови брендирани бандажи.

9-та сезона, пак, која се очекува од март, треба да воведе две најтрансформативни карактеристики кои произлегуваат од соработка со NASCAR и лансирање на Track Forge – моќна алатка која ќе ви овозможи вие лично да креирате, споделувате и играте на сопствени тркачки патеки.

Синтеза и стратешки изгледи

Кога вака ќе се постават работите, тогаш многу е јасна повеќегодишната стратегија за содржина на The Crew Motorfest. Се почна со солидна основа (Година 1), се продолжи со масивна експанзија (Година 2), а ќе се заврши со цврсто зајакнување на темелите (Година 3).

Оваа еволутивна стратегија овозможува на The Crew Motorfest да издлаби уникатна позиција на пазарот и да се афирмира преку различни столбови на гејмплеј, но и преку значајно проширување на светот. Воведувањето на Track Forge е како шлаг на тортата, дополнително зацврстувајќи ја оваа позиција. Нема никакво сомневање дека The Crew Motorfest успешно еволуираше од компетентен фестивалски тркач во робусна и динамична автомобилска платформа, правејќи го месецот ноември како одличен период за одново навраќање на забавните улици.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Ubisoft Ivory Tower
  • Издава: Ubisoft
  • Жанр: тркачка игра
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 18 април 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk