Fading Serenades: Повикот на мистериозниот остров и заборавените традиции

во гејминг

Fading Serenades, развиена од виенскиот девелопер Берни Вик, е шармантна инди-авантура што ги комбинира механиките на курирска служба со топла, носталгична приказна за промените, заедницата и потрагата по помирен живот.

Fading Serenades нè носи на островот Клифорд, место каде што традициите полека исчезнуваат под притисокот на модерниот свет.

Во поглед на механиките, Берни се има потрудено да ја изгради неговата игра врз темелите на класичните акционо-авантуристички игри, но со уникатен пресврт. Имено, вашата основна задача е да доставува пакети низ целиот остров. Звучи лесно, нели? Сепак, ова не е едноставен walking симулатор, далеку од тоа. За да стигнете до одредени локации, ќе мора да го совладате теренот преку разни мини-игри засновани на движење, како што се скокање преку потоци, качување по стрмни падини и одржување рамнотежа на нестабилни површини.

Покрај ова, се воведува стратегиска длабочина е управувањето со инвентарот. Ранецот има ограничен капацитет, а тежината на предметите што ги носите директно влијае на вашата агилност. Потежок ранец значи потешко изведување на движењата, што ве принудува внимателно да планирате кои пакети ќе ги земете и по кој редослед. Вака, секое патување станува еден вид мини загатка, каде што мора да бидете внимателни да не ги оштетите пратките додека се борите со предизвиците на природата.

Fading Serenades користи пиксел-арт графика, допринесувајќи до носталгичен изглед кој потсетува на златната ера на 16-битните конзоли. И покрај привидната едноставност, светот е полн со шарм и детали, а секој дел од островот е уникатен на еден или друг начин. Звучната подлога совршено ја надополнува мирната атмосфера, со смирувачки, амбиентални мелодии кои го придружуваат вашето патување и го нагласуваат чувството на изолација и спокој.

Размислување и рефлексија за светот околу нас

Иако започнувате како обичен курир, со секоја успешна достава, полека ја освојувате довербата на првично резервираните жители на островот. Преку разговорите со нив, дознавате повеќе за нивните животи, стравови и надежи, како и за мистериите што го обвиваат островот. Fading Serenades не брза да ви ја открие целата приказна одеднаш, туку се расплетува полека, со сопствено темпо, дозволувајќи ви да уживате во откривањето на тајните и да се поврзете со ликовите на подлабоко ниво.

Fading Serenades е игра која првенствено би им се допаднала на љубители на релаксирачки, наративно-ориентирани искуства. Поради тоа, доколку уживате во игри што нудат емотивна приказна, уникатни гејмплеј механики и шармантна атмосфера во која можете да се изгубите, тогаш чедото на Берни е само за вас. Со оглед на тоа што веќе е достапна и демо верзија на Steam, силно ве охрабруваме да ѝ дадете шанса и самите да го чуете повикот на преубавиот остров.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments