4 предлог игри за незаборавна забава

Телефон или компјутер, во оваа прилика ископавме четири игри кои би можеле да ги проверите доколку имате слободно попладне и барете нешто ново или поразлично.

Стратешки или лингвистички маки?

Од неодамна, Wargroove 2 стана достапна за Android и iOS уредите како џебно издание. Оваа верзија им овозможува ви овозможува да се впуштите во адреналински битки со целосната крос-плеј поддршка, што значи дека мобилните играчи можат да се борат против пријателите кои играат на компјутер или на конзола.

Wargroove 2 е тактичка игра каде што избирате еден од над 20-те уникатни команданти за да поведете една од шесте завојувани фракции. Секој командант поседува моќен потег, специјална способност која може целосно да го смени текот на битката кога е најпотребно. Успехот зависи од паметното позиционирање на единиците, искористување на теренот и прецизното планирање на секој потег за да се надмудри противникот.

За соло играчите, тука е кампањата од 20 часа која раскажува три испреплетени приказни во светот на Ауранија. За оние кои сакаат друштво, играта нуди локален мултиплеер каде што можете да играте со пријател на ист уред, како и онлајн битки за најмногу четири играчи. Покрај тоа, за најголемите стратези постои и предизвикувачки роуглајк режим кој ги тестира вашите тактички способности до крај.

Еден од најинтересните аспекти на Wargroove 2 е можноста за креативност. Играта вклучува исклучително детални и лесни за користење алатки со кои можете да дизајнирате сопствени мапи, да создавате уникатни сцени, па дури и да изградите целосни кампањи. Овие креации потоа можат да се споделат со остатокот од заедницата.

Wargroove 2: Pocket Edition е целосно и богато стратешко искуство спакувано за вашиот џеб. Со интуитивни контроли прилагодени за екраните на допир, играта ја задржува сета длабочина и шарм на оригиналот. Ова е совршена можност за новите играчи да се запознаат со овој фантастичен свет, а за ветераните да ги продолжат своите освојувања во Ауранија, без разлика каде се наоѓаат.

Birdigo – bird word game

Вториот предлог е нова и инвентивна игра со зборови која црпи инспирација од светски познатите хитови како Wordle и Balatro. Создадена од Џон Аугуст, познат по неговата работа на Corpse Bride, и Кори Мартин, креаторот на Bonfire Peaks, Birdigo ве носи на патување каде што составувате зборови за да го водите вашето јато птици за време на нивната годишна миграција. Оваа игра ги спојува предизвиците на игрите со зборови со стратешкото планирање на игрите со карти.

Основната механика на играта се врти околу создавање зборови од шпил карти со букви. Секој збор што ќе го формирате се претвора во „мавтања“ со крилјата, кои му помагаат на вашето јато да напредува на своето патување низ светот. Иако подолгите зборови носат повеќе поени, играта овозможува и кратките зборови да станат исклучително моќни преку паметно користење на комбинации и специјални карти.

Стратегијата е клучна во Birdigo. Во текот на играта, вие го градите и приспособувате вашиот шпил со додавање на маѓепсани пердуви, букви и песни кои ги менуваат правилата и ви даваат предност. Со секоја нова рунда, патеката за миграција станува подолга и потешка, што додава роуглајк елемент и ве тера внимателно да планирате. Секоја игра е ново искуство и нов предизвик за вашите лингвистички вештини.

Вашата главна цел е да го однесете вашето симпатично јато што е можно подалеку и да постигнете импресивен висок резултат. Birdigo е уникатен спој на игра со зборови, градење на шпил и стратегија, сето тоа завиткано во шармантна тема за птици. Подгответе се да ги тестирате вашите лексички и тактички способности додека уживате во оваа прекрасна авантура.

На крајот, Birdigo се истакнува како освежувачка и привлечна игра која успешно комбинира различни жанрови. Таа нуди длабочина за љубителите на стратешки игри, додека истовремено е достапна и забавна за сите што уживаат во игри со зборови. Со својата симпатична естетика и иновативен пристап, оваа игра ветува часови забава и претставува вистинско уживање за умот.

Хорор истрага или аркадна паника?

ActionCam: Supernatural Case е игра која ве фрла во улога на полицаец кој истражува мистериозно исчезнување на деца во едно напуштено училиште. Со морничава атмосфера и постојано чувство дека нешто демне во сенките, секој чекор станува ризик. Играта ве потопува во мрачен свет каде што треба да ја откриете вистината зад застрашувачките настани.

Она што ја прави ActionCam: Supernatural Case посебна е нејзиниот хипер-реалистичен приказ преку камера на тело, што создава чувство дека сте навистина таму. Секој момент се снима и подоцна се анализира, што додава на реализмот и ве учи како професионалец се справува со случај. Приказната е полна со неизвесност и шокантни моменти кои даваат се од себе да не ве остават рамнодушни.

Од друга страна, ја имате Kawaii Girls Panic, игра што ја оживува класичната аркадна механика. Како бестрашен вонземјанин имате мисија да ослободите шест девојки киднапирани од злобни чудовишта. Целта е постепено да освојувате делови од екранот, избегнувајќи непријатели и стапици, за да откриете скриена слика од симпатична хероина. Со секое ново ниво, предизвиците стануваат потешки, а сликите стануваат сè поинтригантни.

Оваа игра нуди возбудливо искуство со динамични битки против босови и разни бонуси што го олеснуваат патот до победата. Со шест уникатни хероини, над 40 детални слики за отклучување и стилска пиксел-графика инспирирана од класичните аркадни игри, Kawaii Girls Panic ветува вистинско уживање, но ситуацијата и не е баш така. Одредени моќи што ги користите, како замрзнување на екранот, знаат исклучително брзо да ве доведат до победата и до отклучување на целата слика. Од она што се нуди, сметаме дека цената од 15 евра е премногу висока.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments