Voyager- Надградба на софтвер на 20 милијарди километри

во Вести

На 20 октомври NASA објави дека работи на софтверска надградба за  вселенските летала Voyager 1 и Voyager 2. Целта на надградбата е леталата да продолжат да бидат оперативни што е можно подолго време. Првиот тест за промените е оваа сабота на 28 октомври, и тогаш ќе дознаеме дали надградбата функционира без проблеми.

Веројатно најголем куриозитет е што за надградбата да стигне до Voyager 2 беа потребни 18 часа. Леталото е на растојание од 20 милијарди километри од земјата и со ова барем до надградбата на Voyager 1 ќе биде надградба на најголемо растојание.

AACS (Attitude and Articulation Control Subsystem) Bay Assembly, Voyager (A19990066000). / Smithsonian National Air and Space MuseumSmithsonian National Air and Space Museum

Во 2022 година компјутерот кој го ориентира Voyager 1 со земјата започна да испраќа погрешни извештаи до земјата. За среќа, иако извештаите имаа грешки, компјутерот продолжи да функционира нормално. Инженерите во NASA со месеци го бараа проблемот и на крајот открија дека грешката е кај системите за attitude articulation and control (AACS). Наместо да ги извршуваат наредбите ги запишувале во меморијата. Eдна од овие промашени команди, понатаму предизвикале грешка во извештаите кои биле испраќани на земјата.

Софтверската надградба треба да ја поправи грешката, и да спречи да се повтори во иднина.

„Оваа надградба е своевидна полиса за осигурување која ќе нè заштити во иднина и ќе ни помогне да ги одржуваме овие сонди што е можно подолго“, вели Сузан Дод, проект менаџер на Voyager. „Ова се единствените вселенски летала што некогаш оперирале во меѓуѕвездениот простор. Податоците што тие ги испраќаат се уникатно вредни за нашето разбирање на нашиот локален универзум“.

Една од потенцијалните опасности од кои стравуваа инженерите на NASA е дека надградбата може да избрише некој дел од клучниот код што ќе доведе до непредвидени ефекти врз леталото. За да ја минимизират опасноста од несакани и непредвидени последици инженерите поминаа месеци во работа на кодот. Неколку месеци пред да бидат подготвени за надградбата пишуваа код, го менуваа, проверуваа.

Надградбата најпрво ќе биде направена на Voyager 2 и ќе биде своевиден тест пред истите промени да бидат направени и на Voyager 1. Voyager 1 е подалеку од Земјата, и поради ова има податоци кои се значително повредни. Ако „тестот“ помине без проблеми, надградбата ќе биде инсталирана и на сондата Voyager 1.

Voyager 1 е на 24 милијарди километри, а Voyager 2 на 20 милијарди километри од Земјата.

За мисијата Voyager

Првично мисијата Voyager требаше да трае само четири години. Двете сонди беа испратени до Сатурн и Јупитер. NASA ја продолжи мисијата за Voyager 2 да ги посети Уран и Нептун. Voyager сè уште е единственото вселенско летало кое некогаш се сретнало со овие ледени џинови.

Во 1990 година, НАСА повторно ја продолжи мисијата. Oвој пат со цел да ги испрати сондите надвор од хелиосферата, заштитен меур од честички и магнетни полиња создаден од Сонцето. Voyager 1 ја достигна границата во 2012 година. Voyager 2 (патува побавно и во различна насока од неговиот близнак) и стигна до неа во 2018 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments