Coolinarika е една од најголемите онлајн платформи која специјализира во обединување на сите гурмани. Компанијата Podravka се има погрижено да понуди флексибилни алатки за комуникација на заедницата, како и одлични можности за дружење и споделување корисни информации за храна, но и бројни рецепти. Од неодамна, Coolinarika може да се пофали и со личен асистен кој, преку разговор, ви помага подобро да се информирате за здравата исхрана, а и да научите да зготвите нешто на забавен и креативен начин!
Со посетување на сајтот Coolinarika, имате на располагање илјадници рецепти, уредно подредени во категории како нови или популарни рецепти. Веднаш од овие категории, ќе наидете и на можности за прегледување само видео рецепти или дознавање кој е рецепт на денот. Нема да бидете ни разочарани доколку сакате да дознаете корисни информации поврзани за најразлични состојки кои се користат во рецептите (до ризницата од таквите информации пристапувате преку одделот Namirnice).
Со оглед на тоа дека сајтот орбитира околу луѓето кои го пополнуваат, преку одделот Ljudi подетално се запознавате со луѓето кои стојат зад најдобрите рецепти, а секој месец се избира и кул готвач на месецот, под услов да се исполнат одредени параметри.
Како најново и најактуелно нешто со што може да се гордее Coolinarika е воведување на првиот регионален, личен AI асистент чија цел е да им покаже на корисниците колку е важно да се има избалансирана исхрана со разнолики состојки. Преку едноставни разговори со личниот асистент може да дознаете која е нутриционата вредност на одредени состојки како и да побарате да ви се предложи некој рецепт кој е богат со, да кажеме, фибер влакна.
Со оглед на тоа дека се работи за релативно „тазе“ проект, SuperfoodChef – AI има во датабазата податоци за 30 состојки и 100 рецепти, но се работи на постојано надополнување на датабазата. Иако би можеле да помислите дека трпезата на ВИ готвачот е особено скромна, би можеле да се изненадите од бројните теми на кои може да разговарате, особено кога се работи за поставување прашања за одредени исхрани, диети или пак здрави совети.
Сепак, имајте во предвид дека за поозбилни проблеми, секогаш е подобро да се консултирате со вистински лекар или нутриционист. Кога веќе го расчистивме ова, упатете се на Coolinarika и поставете ги прашањата што од секогаш сте сакале да ги прашате, под услов да се за храна, секако. :) Во случај да не знаете за што да си муабетите со асистентот, на располагање имате понудени опции за подобро запознавање со алатката, како и неколку прашања како:
- Што е superfood?
- Од каде доаѓа името брокула?
- Колку протеини има во грав?
- Може ли предлог за superfood рецепт?
Ова се четирите прашања замислени да ви го отворат апетитот и да ве насочат кон правецот на понатамошно формулирање прашања. Ние почнавме со неколку и пријатно се изненадивме од сервирањето корисни информации и до тоа колку всушност алатката направи да се чувствуваме гладни за една поразлична и поздрава исхрана.
Најдоброто во сево ова е тоа што на располагање имате и одлични Coolinarika алатки за вашите паметни направи:
Кој стои зад SuperfoodChef-AI?
Како што напоменавме SuperfoodChef-AI е проект на Podravka, но и на дигиталната агенција 01 Content & Technology – C3 Croatia.Со заеднички сили, компаниите се залагаат да интегрираат генеративна ВИ технологија користејќи модерни и иновативни начини, се со цел да се помогне заедницата да ги подобри начините на кои се храни, но и да подготвува оброци на креативни и забавни начини.
Моментно, SuperfoodChef-AI е во бета фазата на развивање и дополнително ќе се работи на подобрувања и проширувања на капацитетите на ВИ асистентот.