Кинеските деца ќе имаат часови за вештачка интелиганција

Почнувајќи од оваа есен, основните и средните училишта во Пекинг ќе одржуваат најмалку осум часа едукација за вештачка интелигенција секоја академска година.

Учениците на возраст од шест години ќе учат да користат четботови и други алатки, ќе стекнат основно разбирање за вештачката интелигенција и ќе ги истражуваат нејзините етички импликации.

Според Општинската комисија за образование на Пекинг, курсевите за вештачка интелигенција можат да се интегрираат во предмети како што се наука или ИТ, или да се предаваат одделно. Градот, исто така, планира да развие повеќегодишна наставна програма за вештачка интелигенција, да воспостави поширок систем за образование и обука, да создаде структури за поддршка и пошироко да го промовира учењето вештачка интелигенција.

Photo by note thanun on Unsplash

Пекинг има за цел да ја зајакне позицијата на Кина во глобалната трка за вештачка интелигенција преку рано образование – особено по брзиот пораст на DeepSeek. Минатиот декември, Министерството за образование на Кина избра 184 училишта за пилотирање на модели на наставни програми за вештачка интелигенција како основа за национално воведување. Министерот Хуаи Џинпенг ја нарече вештачката интелигенција „златен клуч“ за унапредување на образовниот систем во земјата.

Со воведување на образование за вештачка интелигенција на помлада возраст, Пекинг се надева дека ќе предизвика нов бран иновации – ако може да остане пред другите нации што прават слични потези.

И други држави воведуваат вештачка интелиганција во образовниот процес

Но Кина не е единствена во воведувањето на вештачката интелигенција кај учениците.

Минатиот месец, Естонија објави партнерство со OpenAI за да им го донесе ChatGPT Edu – верзија прилагодена за училишта – на средношколците и наставниците. Почнувајќи од овој септември, учениците од 10-то и 11-то одделение ќе добијат пристап, а програмата нуди и техничка поддршка, помош со задачите за учење и алатки за планирање на часовите и административна работа.

„Ова означува ново поглавје за нашиот образовен систем и дигиталното општество“, рече естонскиот претседател Алар Карис. „Вештачката интелигенција трајно го промени светот, а образованието мора да се развива со неа.“

Земји како Канада и Јужна Кореја, исто така, ја воведоа вештачката интелигенција во образованието од градинка до 12-то одделение, користејќи дигитални учебници и алатки со вештачка интелигенција за да им помогнат на наставниците да ја интегрираат технологијата во часовите.

Во Велика Британија, едно приватно училиште минатата година лансираше училница „без наставници“, каде што околу 20 ученици учеа користејќи VR слушалки и платформи со вештачка интелигенција наместо човечки инструктори.

Во меѓувреме, американскиот образовен провајдер „McGraw Hill“ воведе две генеративни алатки со вештачка интелигенција во 2024 година: AI Reader, кој анотира дигитални текстови, и Writing Assistant, кој нуди насочени повратни информации за пишување.

И покрај потенцијалот на вештачката интелигенција да го трансформира учењето, образовните компании и министерства пристапуваат со претпазливост. Иако напредните алатки можат да дејствуваат како бесплатни, персонализирани тутори достапни на кој било уред, тие исто така доаѓаат со ризици.

Обединетите нации ја потенцираа важноста од користење на инклузивна вештачка интелигенција, задржување на човечките вредности во сржта на образованието и управување со потенцијалните штети. Лидерите во индустријата во образованието делат слични загрижености, повикувајќи на одговорна интеграција на технологијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk