Од развојното студио Grindstone произлегува уникатна 1 против 1 боречка игра која е заснована на ладни оружја.
Со оглед на тоа што целиот фокус на играта има натпреварувачки дух, ви препорачуваме да ја проверите само доколку сакате PvP игри, особено игри во кој еден удар значи победа или смрт.
Die by the Blade е игра која бара од играчот да има брзи рефлекси, да може да ја прочита намерата на противникот и соодветно да реагира така што ќе избегнува напади или пак ќе ги рефлектира.
Дури и најмалото невнимание или погрешен потег може да ве чини исклучително многу. Користејќи најразличен арсенал од традиционални јапонски оружја, потребно е да разберете дека оружјето го дефинира воинот, а не обратно.
Поради тоа, ќе се наоѓате во ситуации каде често експериментирате, се додека не го пронајдете вашето идеално оружје.

Откако ќе одиграте неколку рунди во Practice mode-от, ќе можете да започнете Tournament Mode и да сеете крвава брза смрт низ најразлични традиционални јапонски храмови или пак на улиците на импозантните градови.

Die by the Blade воопшто не е лесна игра и многу работи зависат и од среќата која ќе ја имате за време на секој натпревар, а не само на вашите брзи рефлекси.
За среќа, играта се одликува со реалистичка графика и анимации, нешто што знае да помогне во проценување на непријателските намери.
Die by the Blade има огромен потенцијал и се надеваме дека ќе успее да најде доволно голема публика за да го охрабри студиото да продолжи со понатамошна работа на проектот.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Grindstone
- Издава: Grindstone
- Жанр: PvP
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 16 мај 2024







